Ноќ на огнен хорор во Лондон | Свет | DW | 14.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ноќ на огнен хорор во Лондон

Во големиот пожар во станбена висококатница во Лондон загинале повеќе лица а најмалку 30 се повредени. Во гаснењето на пожарот учествуваа 200 пожарникари

Началничката на противпожарната служба на Лондон, Дени Котон утринава соопшти дека во пожарот во 27-катната станбена зграда Гренфел Тауер има засега неопределен број на загинати. „Многу ми е жал што морам да потврдам дека има неколку загинати. Не можам, меѓутоа, во моментов да потврдам колкав е нивниот број, со оглед на големината и комплексноста на зградата“, изјави Котон. Тој истотака истакна дека причините за пожарот, кој избувна во раните утрински часови, и натаму се непознати.

Гледај видео 00:46

Катастрофален пожар во Лондон

Претходно претставници на службата за вонредни ситуации, соопштија дека најмалку 30 луѓе, повредени во пожарот, се префрлени во пет болници во Лондон.

Огнената стихија го зафати целиот облакодер во западниот дел на британскиот главен град а чадот кој се креваше од местото на несреќата можеше да се види на неколку километри оддалеченост.  

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, на социјалната мрежа Твитер објави дека е прогласена состојба на голема несреќа. Пожарот избувна еден час по полноќ по локално време, како што се вели на еден од горните катови на зградата,  а првите амбулантни возила пристигнаа до местото на инцидентот пет часа потоа.

Лондонската противпожарна единица соопшти дека 45 противпожарни возила и 200 пожарникари биле повикани на местото на несреќата. Помошникот началник на противппожарната служба, Ден Дејли изјави дека станува збор за многу тежок и сериозен инцидент. „Пожарникарите со заштитни маски работеа многу напорно, во многу тешки услови, за да го сузбијат пожарот“, наведе Дејли.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама