Ноќно „превоспитување“ за оние кои не носат маска | Свет | DW | 08.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ноќно „превоспитување“ за оние кои не носат маска

Жителите на Руанда кои го прекршуваат полицискиот час или не носат маски се испраќаат на стадиони каде добиваат ноќни лекции за опасностите од коронавирусот. Државата воведе остри мерки за контрола на пандемијата.

Од средината на јули досега, според официјалните податоци, околу 70,000 луѓе обвинети за игнорирање на полицискиот час, кој започнува во 9 навечер, или одбегнуваат да ја носат задолжителната заштитна маска, се спроведуваат на стадиони или собирни центри од страна на полицијата и таму добиваат лекции.

Секоја вечер, на стадионите ширум Руанда, лекции за јавното здравје се пренесуваат преку звучници до слушателите кои седат оддалечени најмалку еден метар на трибините. Од нив се бара да бидат амбасадори во борбата против новиот вирус.

Сесиите, кои се спроведуваат под контрола на вооружени чувари, завршуваат во зори, а присутните се испраќаат дома со стриктни наредби да останат во самоизолација.

Џадо Низејимана бил сопрен од полицијата поради неправилно носење на заштитната маска и му било наредено да се пријави во најблискиот стадион.

„Отсега ќе ја носам, каде и да сум“, вели тој.

На сесиите се поканети и претставници на медиумите со надеж дека преносите ќе служат како предупредување кон оние кои ги игнорираат препораките.
Притоа, полицијата ги информира работодавачите за недисциплината на нивните вработени.

Некои добиваат избори: можат да ја избегнат лекцијата доколку платат казна од 25,000 руандски франци или 22 евра. Но, за многумина во земјата каде еден келнер месечно заработува 50 евра, тоа е премногу.
„Двапати ме уапсија и ја минав ноќта на стадион. Бев фатен по почетокот на полицискиот час. Алтернативата беше да платам голема казна, но немам пари. Барам работа“, вели 25- годишниот Ели Ниганзе.

Гледај видео 01:30

Против Ковид-19 со мода

До четвртокот, во Руанда беа евидентирани околу 2,000 случаи на коронавирус и 5 смртни случаи. Во државата со население од 12,5 милиони, во моментов има околу 900 активни случаи.

Повеќе:

-Обврска за носење заштитна маска и на отворено

-Трамп го менува ставот за маските?

-Колку пластичните визири штитат од коронавирус?

Полицијата вели дека строгиот пристап носи резултати во спречувањето на ширењето на вирусот.

„Се уште пронаоѓаме многу луѓе кои ги прекршуваат правилата. Како некои намерно да го прават тоа за да ја фрустрираат полицијата. Но тоа нема да се случи“, вели полицискиот портпарол Џон Боско Кабера.

Критичарите и групите за заштита на човековите права ги обвинуваат полицијата и војска дека ја користат пандемијата и мерките за заштита како изговор за малтретирање на јавноста и напади кон критичарите.

Новинарите и блогерите кои се критични кон напорите на Руанда да се справи со пандемијата се соочуваат со долги притвори и обвинувања за бунт против државата, кои можат да им донесат до една година затвор.

Популарниот блогер Диудене Нијонсенга беше уапсен во април додека известуваше за влијанието на карантинот врз најсиромашните слоеви. Пред неговото апсење, тој ги истражувал сомнежите за силувања од страна на војници во периодот на полицискиот час. Сега е обвинет за кражба на идентитет, измама и бунт.
Хјуман Рајтс Воч повика на транспарентна истрага по обвинувањата за убиства, силувања и други сериозни злосторства сторени од безбедносните сили во Руанда за време на карантинот.

Гледај видео 01:09

Вакцина за коронавирусот се тестира и во Африка

DW.COM

Реклама