Нотр Дам - сведок на значајни настани | Свет | DW | 17.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нотр Дам - сведок на значајни настани

Од 12. век „старата дама на Париз“, како што милно ја нарекуваат Нотр Дам, стои во срцето на францускиот главен град. Катедралата, сега тешко оштетена од пожар, е централна сцена на историјата на Франција и на Европа.

Катедралата на Нотр Дам - онаква каква што ја познава светот - со векови е место на значајни настани. Во 1558 година тука е прославена раскошна венчавка: 15-годишната Марија Стјуарт, кралица на Шкотска, се омажи за францускиот престолонаследник, Франсоа II. 

Наполеон Бонапарта исто така ја користи Нотр Дам за помпезна церемонија. Тој тука во 1804 година самиот се круниса за цар на Французите - ја зема круната од рацете на папата и си ја стави на главата.

Гледај видео 02:23

Во Нотр Дам е испишана историја

Црквата преживува безбројни војни и револуции. Нејзината главна камбана го навестува крајот на Втората светска војна.

Во последниве децении Нотр Дам е сцена на важни погребни церемонии и комеморации. 

Повеќе:

-Од Македонија до Франција - нула километри

-Ние и Црквата што гори

-Нотр Дам: Пожарот целосно изгаснат, пеплосани 800 години историја

Во 1970 година, се одржува реквием за покојниот генерал Шарл де Гол - гледачи од целиот свет на 500 милиони телевизори ја следат церемонијата.

Четири години подоцна, шефовите на држави и претставници на кралските семејства дојдоа да се простат од претседателот Жорж Помпиду.

И комеморативната церемонија за францускиот претседател Франсоа Митеран  во 1996 година се одржа во катедралата. Германскиот канцелар Хелмут Кол плачеше, плачеше за пријател.

Нотр Дам е во фокусот на вниманието на светската јавност во 2013 година: Париз ја прослави 850-годишнината од неговото обележје - катедралата добива девет нови џиновски ѕвона. За време на Француската револуција во 18 век речиси сите камбани биле стопени, а катедралата опустошена. Сега ѕвоната звучат како пред револуцијата.

Гледај видео 03:01

Огнената катастрофа на Нотр Дам

Камбаните на Нотр Дам - секогаш одново ѕвонат и во спомен на жртвите на напади. По терористичките напади во ноември 2015 година во Париз, ожалостените граѓани се собраа во долги редици пред црквата за да присуствуваат на богослужбата за жртвите.

И по нападот во Ница во 2016 година, Нотр Дам во Париз беше место на жалост и спомен за жртвите.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама