Норвешка целосно ги затвора границите во страв од мутациите на коронавирусот | Свет | DW | 28.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Норвешка целосно ги затвора границите во страв од мутациите на коронавирусот

Норвешката влада соопшти дека целосно ќе ги затвори границите за странци во обид да избегне ширење на новите мутации на коронавирусот.

„Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март“, изјави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција.
„Во пракса, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка“.
Таа додаде дека ќе има неколку исклучоци, вклучително и за здравствени работници кои доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели.
Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од Шенген зоната, и планира да ги евалуира мерките за две недели.

Merkel und Solberg treffen sich in Berlin

Норвешката премиерка Ерна Солберг

Норвешка досега успешно се справуваше со инфекцијата и има една од најмалите стапки на зараза во Европа.
„Следиме дека други држави прејдоа од ниска стапка на инфекција во неконтролирано ширење за само неколку недели“, вели Солберг, алудирајќи на Ирска. Скандинавската држава и досега имаше едни од најрестриктивните мерки во Европа- од оние кои влегуваа во земјата се бараше негативен ковид тест, регистрација кај локалните власти и обврзувачки карантин.

DW.COM

Поврзана содржина