Норвешка тагува по своите деца | Европа | DW | 24.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Норвешка тагува по своите деца

Норвешкото кралско семејство, премиерот Јенс Столтенберг и повеќе министри од владата денеска присуствуваа на комеморацијата за 92 жртви од петочните напади.

default

Мисата се одржа во катедралата во Осло, пред која се собраа стотици жители. Тие палеа свеќи и оставаа цвеќе за загинатите. „Собрани сме во знакот на тагата, но и надежта“, рече бискупот.

Премиерот Столтенберг, пак, чија Социјалдемократска партија беше цел на двојните напади од петокот, истакна дека лично познавал неколку од загинатите. Нивните имиња и фотографии ќе бидат објавени во наредните неколку дена. Столтенберг додаде дека е трагедија смртта на секој, кој загина во петокот.

Во меѓувреме норвешката полиција врши претрес на стан во источниот дел на Осло, поради сомневања за евентуална поврзаност со напаѓачот. Портпаролот на полицијата, Андерс Фриденберг, истакна дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали.

Автор: ТТ/ЖА/афп

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина