Нов пристап кон Бугаријa - помалку емоции, повеќе разум | Северна Македонија | DW | 16.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Нов пристап кон Бугаријa - помалку емоции, повеќе разум

С. Македонија најавува нов пристап во односите со Бугарија - ќе ги заменат емоциите во дијалогот со рационален пристап

Акцискиот план со Бугарија е речиси готов, но надлежните се уште не изнесуваат детали за него. Министерот за надворешни работи уверува дека планот 99 проценти е усогласен и ја дефинира секторската соработка меѓу министерствата, со прецизни проекти за реализација. Финализирањето на акцискиот план ја отвара вратата за свикување на нова седница на меѓувладината седница, која произлегува од договорот од 2017 година. Откако минатата меѓувладина седница се одржа во Бугарија, овој пат домаќин ќе биде Северна Македонија. А токму домаќинот, според Османи ќе го промени пристапот во надминувањето на несогласувањата со соседна Бугарија. Емоциите ќе се тргнат настрана, а ќе се промовира рационалниот пристап во разговорите со Бугарија. Ова е новата формула која ќе биде применета во односите со Софија.  

Соработка 

Министерот за надвореши работи Бујар Османи вели дека планот ќе биде насочен кон соработка на линиските министерства, кои ќе го подобруваат животот на луѓето од двете страни на границата. Тој оценува дека дебатата во првата фаза од дијалогот била премногу емоционална и најавува нов пристап. „Сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање“, вели Османи по денешното потпишување на договорот за намери за соработка со Западна Рајна Вествалија.

Minister der neuen mazedonischen Regierung

Бујар Османи оценува дека дебатата во првата фаза од дијалогот била премногу емоционална и најавува нов пристап

Османи денеска само го потврди она што вчера го најави и премиерот Зоран Заев, кој рече дека акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, посебна е работата на историско-образовната комисија, а посебни се политичките прашања за кои се разговара со источниот сосед. 

-повеќе на темата: Германија притиска за решение, Османи и Захариева следната недела на состанок

За идната недела е планирано да се оствари средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева, кои треба да го договорат терминот за втората Меѓувладина конференција. „Записниците од усвоениот план треба да се усвојат на седници на двете влади и да влеземе во брзо и ефикасно спроведување. Тоа ќе помогне за создавање амбиент за решавање и на другите отворени прашања, што се надевам дека ќе се случи час поскоро“, изјави вчера Заев.

Усвојувањето на Акцискиот план е обид да заживее соработката помеѓу Скопје и Софија откако Бугарија стави блокада и не дозволи С. Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, со образложение дека не го спроведува Договорот за добрососедство од 2017 година.

Што содржи планот? 

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара одговори околу содржината на планот. Вели дека „македонската јавност заслужува да знае каков е тој план на активности со Бугарија“. „Од почетокот велиме дека нов документ, договор, анекс, или како и да го нарекуваат, е на маса и е на барање на нашиот источен сосед. Македонската јавност треба да го знае текстот на овој план“, вели Мицкоски. Повикувајќи се на негови сознанија, тврди дека покрај идентитетските прашања, кои ја опфаќаат македонската традиција, јазик, обичаи, историја, македонски дејци и револуционери, има многу и бизнис-работи коишто се дел од тој договор или план на активности којшто е на маса. „Кога двоецот Бучковски-Заев преговара, се спрема нова катастрофа, економско цунмами и национална катастрофа“, додава Мицкоски. 

DW.COM