Нов почеток во Украина? | Европа | DW | 25.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нов почеток во Украина?

Среде борбите со проруските сепаратисти на истокот на земјата, Украинa се движи кон нови парламентарни избори. Две помали партии го принудија премиерот Арсениј Јацењук на оставка.

Премиерот Арсениј Јацењук, кој поднесе оставка во парламентот во Киев предупреди од „драматични консеквенции по земјата“. Било „неодговорно, политичките интереси на поединци да се ставаат над судбината на земјата“, нагласи 40 годишниот политичар. Со оглед на тешката економска криза и борбите на армијата со проруските сепаратисти ситуацијата била особено тешка: „Нема одговори на прашањата како: Со што утре ќе ги исплатиме платите, со што бензинот за тенковите, со што ќе ја финансираме нашата армија?“ рече Јацењук.

Во парламентот вчера пропаднаа повеќе закони за стопанството, меѓу нив и еден кој требаше да овозоможи учество на странски инвеститори во модерниот систем за транспорт на гас во Украина. Со тоа би требало да се намали зависноста на транзитната земја од Русија.

Претходно партиите Удар на киевскиот градоначалник, поранешниот боксерски професионалец Витали Кличко, како и партијата на националистите Свобода најавија истапување од сојузот „Европски избор“. Со тоа тие застанаа против партијата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која имаше најголема тежина во досегашната влада и на која ѝ припаѓа Јацењук.

Претседателот Петро Порошенко го поздрави распадот на колаицијата. „Тоа покажува дека барем дел од пратенициите не се залепени за своите столици и чувствуваат дека се обврзани на волјата на народот“, појасни Порошенко.

„Сите анкети покажуваат дека општеството бара целосна обнова на своето ракводство“. Порошенко по неговата победа на претседателските избори во мај годинава, притискаше на предвремени парламентарни избори, со што сака да си обезбеди солидна база меѓу пратениците.

Во преодниот период вице премиерот Владимир Гројсмат ќе ја води владата. Како можен термин за нови избори се споменува 26. октомври.