Нов потрес во Калифорнија- најсилен по 20 години | Свет | DW | 06.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нов потрес во Калифорнија- најсилен по 20 години

По вторпат во два дена тежок земјотрес ги вознемири луѓето во јужна Калифорнија. Повторно погоден беше регионот околу Риџкрест. Ова беше најсилниот земјотрес во американската сојузна држава во последниве две децении.

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди синоќа околу 20 часот по локално време јужниот дел на сојузната американска држава Калифорнија, соопшти  американскиот Геолошки институт (УСГС).  Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 200 километри северно од Лос Анѓелес. Најсилно погодено од потресот бил малиот град Риџкрест во близина на националниот парк Долина нс смртта. 

Противпожарните служби соопштија дека е предизвикана помала штета како пукање на ѕидови, помали пожари и оти едно лице се здобило со полесни повреди. Овој потрес се случи еден ден по земјотресот со интензитет од 6,4 степени во истата област. УСГС наведе дека земјотресот во четвртокот претходел на вториот.

Сеизмологот Луси Џоунс предупреди оти по првиот потрес постојат големи шанси да се случи и втор, многу појак.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај милиони луѓе и бил  почуствуван и во големите градови Лос Анџелес, Скараменто, Лас Вегас и јужно до Мексико.

Синоќешниот земјотрес беше најсилен во јужна Калифорнија од 1999 година наваму. Тогаш потрес со интензитет од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди регионот.

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во погодениот регион. На овој начин можат брзо да се мобилизираат спасувачки екипи и пари.

DW.COM

Реклама