„Нов пат на свилата“ против протекционизмот | Економија | DW | 15.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Нов пат на свилата“ против протекционизмот

Кина планира модернизирање на сообраќајот меѓу Азија, Африка и Европа. Кинескиот претседател на самитот во Пекинг предупреди од контра-ветрот на глобализацијата - изолационизам и протекционизам во светот.

Учесниците на пекиншкиот самит посветен на „Новиот пат на свилата“ се залагаат за слободна трговија и укинување на протекционизмот.Во предлог-декларацијата на самитот, 29-те шефови на држави или влади ја потврдија целта- „изградба на отворено стопанство, слободна и инклузивна трговија“ и попречување на „сите форми на протекционизам“. Тие ја потенцираа и желбата за работа во стабилен и одржлив финансиски систем, застанувајќи и зад Климатскиот договор од Париз: „Одлучни сме во заштитата на планетата од уништување.“

Критички тонови кон САД

Тема на самитот се кинеските планови за развој на модерна поврзувачка мрежа со економски коридори долж античките трговски рути на „Патот на свилата“. „Новиот пат на свилата“, проект кој ќе го финансира Кина, е гигантска мрежа од нови пристаништа, железнички линии, автопатишта и индустриски зони, кои би ја поврзувале земјата со Африка, Азија и Европа.

USA alte Seidenstraße im Getty Center, LA (Getty Images/AFP/F. J. Brown)

Нов проект на Кина - „Нов пат на свилата“

На отворањето на дводневната средба во кинеската престолнина, шефот на државата Си Џингпинг вчера најави дополнителни 124 милијарди долари за иницијативата. Кинеската банка за развој веќе стави на располагање 890 милијарди долари. Проектот, инициран лично од Си во 2013 година, се смета како прагматично решение за проблемите на постоењето масивни натпропорционални капацитети на кинеската индустрија. Покрај тоа, тој ги поткрепува растечките амбиции на Пекинг во областа на трговијата и геополитиката. Иницијативата за „Новиот пат на свилата“ ќе значи поттик за глобализацијата, од што сите ќе профитираат, истакна Си, кој е поборник на јакнење на мултилатералната трговија, базирана на правила. Глобализацијата токму во овие моменти доживува голем контра-ветер, се пожали кинескиот претседател, истакнувајќи дека ниедна земја во светот на може сама да одговори на актуелните предизвици и проблеми, без да ги именува САД, но алудирајќи на мотото на американскиот претседател Доналд Трамп: „Америка на прво место“ и неговата политика на изолација.

„Противречност на принципот на слободна трговија“

Без оглед на ваквата демонстративна определба, домаќинот Кина не сакаше да ја прифати и вгради сличната определба на членките на ЕУ во втора декларација на учесниците на самитот. По средбата со нејзиниот кинески колега Жонг Шан на маргините на самитот, германската министерка за економија Бригите Цуприес се изјасни за поголемо отворање на пазарот и фер конкуренција за германските претпријатија во Кина. „Во поглед на слободната трговија, би сакале да видиме конкретни чекори од страна на кинеската влада во однос на пристапот на германските фирми кон кинескиот пазар.“ Министерката се пожали на присилата германските фирми од одредени бранши, на пример автомобилската, да мораат да влегуваат во мешовити претпријатија со Кинезите, што противречи на принципот на слободна трговија.

На конференцијата учествуваа претставници од 29 држави, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и турскиот, Реџеп Таип Ердоган.

 

DW.COM

Реклама