1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Corona-Situation Europa | Badesee Deutschland
Фотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance
ЗдравјеЕвропа

Летен Омикрон-бран надвиснат над Европа

Силја Томс
25 јуни 2022

Непосредно пред почетокот на летните одмори расте бројот на заразени со ковид во повеќе европски земји. Причината за ова се подвидовите на Омикрон-БА.4 и БА.5. Дали на Европа и се заканува нов бран на коронавирусот?

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0/a-62250740

Со доаѓањето на летото, доаѓа и новиот бран на Омикрон. Сѐ поголемиот број заразени во Европа во моментов ги нарушува изгледите за безгрижна сезона на одмори. Според статистичките податоци на порталот „Our World in Data“, бројот на заразени значително се зголемува во Португалија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Грција, Данска и во Холандија.

Експертите го објаснуваат ова зголемување со новите типови на сојот Омикрон- BA.4 и BA.5, кои се позаразни од претходните. А до тоа доаѓа и поради укинувањето на заштитните мерки. Што ја очекува Европа?

Дали помина бранот во Португалија?

Особено во Португалија од средината мај има проблем со големиот број заразени. Во земјата седумдневната инциденца и натаму е највисока во Европа. За растот на бројот на заразени одговорен е новиот подвид БА.5, 90 насто од новите случаи во Португалија се поради овој сој.

Паралелно со инциденцата, во Португалија се зголеми и стапката на смртност. Според податоците на „Our World in Data“, Португалија има најголем број починати според бројот на население од сите западноевропски земји.

Португалија е најтешко погодена од новиот бран на Омикрон
Португалија е најтешко погодена од новиот бран на ОмикронФотографија: Ágata Xavier/dpa/picture alliance

Но, болниците не се оптоварени и покрај големиот број заразени. Портигалија има висока стапка на вакцинација од околу 87 насто. Покрај тоа, подваријантата се смета за позаразна, но не и поопасна од предходните соеви. Од почетокот на јуни, седумдневната инциденца во Португалија почна да опаѓа. Националниот институт за здравје ИНСА претпоставува дека врвот е веќе достигнат и оти бранот слабее.

Стручњаците предупредуваат на омикрон-бран во Европа

Од средината на јуни бројот на заразени брзо расте и во Франција. Според официјалните француски податоци во последните 7 дена на 100.000 жители се регистрирани 477 заразени (податок од 18.6.)

„Епидемиолошката крива во Франција е експоненционална“, предупредува епидемиологот Антоан Флоу, директор на Институтот за глобално здравје на Медицинскиот факултет во Женева. Изгледа дека новите соеви на Омкрон, БА.4 и БА.5, ќе го започнат новиот бран, додава овој епидемиолог.

Повеќе: Нови варијанти на Омикрон- што се знае за нив?

Но, тој во моментов не може јасно да предвиди како натаму ќе се развива ситуацијата во Франција. Додека во Јужноафриканската Република бранот помина по 8 недели, Флоу претпоставува оти во Португалија ќе трае 9 до 10 недели. „Доколку во Франција имаме ситуација каква што е во Португалија, поголемиот дел од летото би имале работа со тоа“, вели Флоу.

Омикрон- хаос и неизвесност на аеродромот во Кејптаун

Слично како и во Франција, и во Германија седумдневната инциденца расте. Институтот Роберт Кох (РКИ) во петокот (24.6.) соопшти дека во последните 24 часа се забележани 108.190 новозаразени со коронавирусот и оти инциденцата изнесува 618,2 (минатиот петок беше 427,8, а пред еден месец 307,2). За тоа, исто така, би можеле да бидат причина новите подсоеви. Според зборовите на потпретседателот на РКИ, Ларс Шаде, за ваквата ситуација допринело укинувањето на заштитните мерки.

„Не изгледа дека со овој летен бран можеме да се соочиме безгрижно и без контрамерки“, нагласи германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах. Тој затоа се залага за натамошни заштитни мерки наесен, како што е уште една голема кампања за вакцинација. Но, според оценката на Лаутербах, нема причина за тревога.

Повеќе: Специјалните вакцини против Омикрон немаат многу предности

И во Грција и во Италија седумдневната инциденца значително се зголеми. Во Италија бројот на заразени се зголемува втора недела по ред, а стапката на пренос на вирусот повторно достигна размери на епидемија, соопшти Италијанскиот институт за здравје (ИСС). „Ова е наше трето (пандемско) лето и сѐ уште не ја научивме лекцијата“, изјави Валтер Ручарди, поранешен претседател на ИСС.

Во Шпанија сѐ уште не е дојдено до големо зголемување на бројот на заразени како во другите европски земји. Случаи на зараза со коронавирусот во Шпанија официјално се бележи уште само кај лицата постари од 60 години. Според последниот извештај на шпанското Министерство за здравство, седумдневната инциденца во оваа старосна група, во целата земја, е околу 302 (17.6.). Во средината на јуни, во над 10 остсто од примероците се пронајдени соевите БА.4 и БА.5.

Помалку Омикрон во северна и во источна Европа

За разлика од другите делови од Европа, во северна и во источна Европа инциденцата не е толку висока. Според податоците на „Our World in Data“ и таму се бележи благ раст, но тој не може да се спореди со другите европски земји.

Во Шведска, на пример, во средината јуни за време од една недели пријавени се околу 1.900 новозаразени. Во Полска, според официјалните податоци, во еден ден се забележани 285 нови случаи.

Во Данска, каде бројките и натаму се ниски, премиерката Мете Фредерискен во средата најави оти на лицата постари од 50 години ќе им биде понудена четврта вакцинација против коронавирусот. Бројот на заразени се зголеми побрзо отколку што се очекуваше и подсојот на Омикрон - БА.5 веќе стана доминатен.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница