Нов министер за Брегзит - Раб наместо Дејвис | Свет | DW | 09.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нов министер за Брегзит - Раб наместо Дејвис

Девет месеци пред планираниот излез од ЕУ, британската премиерка Меј го загуби министерот задолжен за Брегзит. Дејвид Дејвис даде оставка и ѝ нанесе тежок удар на Меј. На негово место е назначен Доминик Раб.

Британскиот Брегзит-министер Дејвид Дејвис даде оставка, а со него си замина и надлежниот државен секретар Стив Бејкер. На местото на Дејвид Дејвис, кој досега ја предводеше британската преговарачка делегација за Брегзит и му беше партнер за разговори на претставникот на Европската Комисија, Мишел Барние, е назначен Доминик Раб, досегашен државен секретар во британското министерство за градежништво. Разговорите со ЕУ беа во застој поради разликите во мислењата во владата во Лондон. Откако британскиот кабинет во петокот успеа да се усогласи за нова стратегија, се очекува разговорите наскоро да продолжат.

Но, британската премиерка Тереза Меј сега прво треба да бара нов министер за Брегзит. Дејвис не се согласува со новата стратегија која отстапува од досега најавуваниот тврд Брегзит-курс. Новиот план предвидува зона на слободна трговија со ЕУ за индустриски и земјоделски производи. Трговијата со ваква стока преку каналот би требало и во иднина да остане без царина, а Британците сакаат во овие сектори да се држат и натаму до прописите на ЕУ. Меѓутоа, компликуван царински аранжман би требало да им овозможи на Британците да склучуваат самостојни трговски договори со трети држави.

Großbritannien Theresa May bespricht Brexit Pläne mit dem Kabinett (Reuters/MOD/J. Rouse)

Британскиот кабинет во петокот успеа да се усогласи за нова стратегија во преговорите со ЕУ

Дејвис во својата оставка наведува дека ваквите заклучоци на владата се причина за неговото повлекување. Тој не верува дека Меј со ваква преговарачка позиција навистина ќе постигне задоволувачки резултат и дека ќе ја направи Велика Британија понезависна од европската контрола. Дејвис е застапник на тврд Брегзит, што значи јасно разделување од ЕУ.

Оставката на Дејвис е тежок удар зе Меј. Таа во изјава се спротивстави на Дејвис и нагласи дека нејзиниот преговарачки резултат „без сомневање ќе значи дека компетенциите се враќаат од Брисел во Обединетото Кралство“.

Велика Британија треба да излезе од ЕУ за девет месеци. Времето за договорање е прилично мало, со оглед на тоа што договорот за идните односи на ЕУ и Велика Британија би требало да биде ратификуван во сите држави членки на Унијата.

DW.COM

Реклама