Нов „локдаун“ – нови грижи во економијата | Економија | DW | 29.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Нов „локдаун“ – нови грижи во економијата

Со цел да се спречи масовно зголемување на бројот на корона-инфицирани, се воведуваат драстични мерки за ограничување на контактите. Тоа тешко ќе погоди многу индустрии. Државата сака да им ги надомести загубите.

Писмото од 30 водечки претставници на германската гастрономска бранша, кое на почетокот од неделава го испратија до германската канцеларка Ангела Меркел и покраинските премиери, беше очаен повик за помош. Повторно затворање на рестораните е несоодветно и погрешно. И онака веќе работат под строги протоколи и во вториот бран „угостителството никогаш не беше извор на инфекција“, велат тие. Ако луѓето се протераат од „безбедните ресторани“, во приватната сфера ќе се постигне токму спротивниот ефект – бидејќи таму е вистинското „жариште“ за инфекции, тврдат угостителите.

Поддршка стигна и од претседателот на Сојузот на германски хотелиери и гастрономија (Дехога), Гидо Золик. „Не можеме да страдаме повторно“, рече тој. На една третина од 245.000 бизниси им се заканува банкрот при повторно затворање. „Политичките одговорни лица“ мора „брзо и во целост да ја надоместат штетата“.

Слично драматично е и во туристичката бранша. Германската туристичка асоцијација за периодот од март до крајот на годината очекува пад на продажбата за над 28 милијарди евра за тур-оператори и туристички агенции – минус од 80% во споредба со истиот период минатата година.

Повеќе: Работата од дома им штети на многу бранши

Смртоносен удар за десетици илјади компании?

За да го свртат вниманието кон нивната состојба, во средата (28.10) се одржа голем митинг во Берлин, заедно со Индустријата за организација на настани, која е исто така притеснета до ѕид. Браншата со околу 1,5 милиони вработени и годишен обрт од 130 милијарди евра, е шести економски сектор по големина во земјата.

Оттука, многу е јасно предупредувањето на Сојузната асоцијација на средни претпријатија: „Мнозинството од средните претпријатија нема да може да издржат втор локдаун. За десетици илјади бизниси ова ќе биде смртоносен удар." И претседателите на работодавачите Инго Крамер повика да се избегнат дополнителни економски штети.

И во производствениот сектор и кај услужните дејности се развиени „соодветни хигиенски протоколи“. Од Сојузот на семејни претприемачи се едногласни дека фокусот мора да биде ставен на луѓето, а не на компаниите. Првиот карантин, според претседателот на здружението, Рајнхолд фон Ебене-Ворле, и покрај скратеното работење, чинеше околу еден милион работни места и над 100 милијарди евра.

Berlin Proteste | Event-Branche gegen Corona-Maßnahmen

Креативни протести на „ивент браншата“ против егзистенцијалната криза која се заканува

Загубите на приходи треба во голем дел да бидат надоместени

Тоа не помогна многу,нов делумен „локдаун“ ќе дојде. Но, тој ја погодува пред сѐ приватната сфера, а не толку економијата како што беше случај пролетоска. Оти на индустријата, занаетчиството и на средната класа треба да им се овозможи сигурна работа, се вели по советувањето на канцеларката со покраинските премиери. На компаниите кои особено се погодени од кризата и ограничувањата, сојузниот министер за финансии сака да им надомести до 75% од загубата на приходи. За споредба ќе се користи висината на приходите од истиот месец минатата година. За таа цел Олаф Шолц ќе алоцира до десет милијарди евра.

Парите би можеле да дојдат од постоечкиот фонд за помош за надминување на кризата. Од предвидените 25 милијарди за таа цел, досега биле искористени околу две милијарди евра. Сојузните власти планираат субвенциите за пребродување, како и додатоците за мали и средни претпријатија, да ги продолжат до средината на 2021-та. Првично требаше да важат само до крајот на годинава. Освен тоа, треба да има подобрувања и во однос на условите за тешко погодената бранша за културни и други настани.

Министерот за економија Петер Алтмајер во средата во Бундестагот изјави дека во случај на нови и построги ограничувања ќе биле потребни поголеми субвенции кои требало да се излеваат брзо и без бирократски оптоварувања. Политиката веќе има усвоено пакети за помош во висина од повеќе милијарди за да ги заштити компаниите и работните места. Затоа, пак, федерацијата има нови големи задолжувања.

Berlin | Coronakrise Sperrstunde Gastronomie

За многу гастрономи сега финансиски може да биде навистина тесно

Растот веројатно ќе биде закочен

Водечки германски економски аналитичари усвоените економски мерки ги сметаат за разумен баланс меѓу итно потребните мерки за сузбивање на пандемијата и функционирањето на важни економски гранки.

„Не може да има економско опоравување ако пандемијата не биде ставена под контрола”, го цитира весникот „Ханделсблат“ шефот на институтот Ифо од Минхен, Клеменс Фист. Нема конфликт меѓу здравствени и економско-политички прашања,смета тој.

Марсел Фрачер, шеф на Германскиот институт за истражување на економијата со седиште во Берлин (ДИВ), вели „најголемата штета за германската економија настанува од силен и предолг втор бран на инфекции, а не со конкретни ограничувања на секојдневниот живот”.

Гледај видео 02:20

Германските институти за јавно здравје пукаат по шавови

Сега усвоените мерки може да бидат „тежок удар за некои бранши, но ќе ја заштитат економијата во целост.”

Сепак, вториот бран корона го загрозува економскиот раст во Германија. Институтот за светска економија предвидува јасни економски загуби за ноември заради ограничениот делумен локдаун.

Штетата, сепак, ќе биде помала отколку во март и април. Во објава на Твитер се вели: „Наспроти досегашните претпоставки, ќе дојде до замирање на растот во четвртиот квартал во споредба со третиот. Можно е да дојде и до намалување, зависно од тоа дали ќе има воздржаност во потрошувачката од страна на приватни лица.”

„Економијата не може како ламба да се вклучува и исклучува на копче без да дојде до штети”, вели економистот на Фолксбанк, Јерг Крамер. Се очекува планираните мерки од владата многу негативно да се одразат на растот во четвртиот квартал.

Во најдобар случај, се смета на „позитивна нула“ во однос на претходниот квартал. Индустријата и трговијата не биле директно погодени, но сепак би можеле да страдаат заради растот на општата несигурност и бидејќи анти-корона мерките се заоструваат и во странство.

Гледај видео 01:36

Ковид-19 турка милиони луѓе во глад

DW.COM

Реклама