Нов Зеланд во шок: Терористот пред суд | Свет | DW | 16.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов Зеланд во шок: Терористот пред суд

Еден ден по терористичкиот напад врз две џамии, атентаторот од Крајстчрч, официјално е обвинет за убиство на 49 луѓе. Потресените граѓани им оддаваат почит на жртвите на теророт.

Судот на Нов Зеланд покрена обвинение против Австралиецот Брендон Тарант кој во напад на две џамии во Крајстчрч уби 49 лица и рани неколку десетици верници. Десничарскиот екстремист Тарант се појави во судот каде со раката направи знак на белите супремисти, а за време на сослушувањето и покренувањето на обвинението остана целосно рамнодушен.

На сослушувањето можеа да присуствуваат само мал број новинари од безбедносни причини. Тарант (28), поранешен фитнес инструктор и самопрогласен „фашист“, ќе остане во притвор до наредното сослушување закажано на 5 април.

Во нападот, кој е спроведен за време на петочната молитва кога двете џамии се полни со вреници, се ранети неколку десетици лица, а според локалните медиуми, 39 сѐ уште се наоѓаат во болница.

Лекарите работеа на санирање на повредите, јавија локалните медиуми и додадоа дека хирурзите во текот на ноќта имале интервенции во 12 операциски сали во неколку болници.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Смртоносен напад во џамии во Крајстчерч

-Српскиот цар Лазар и крстоносци го „инспирирале“ терористот од Крајстчрч

-Терористички напади врз верски храмови во последните 10 години

Во меѓувреме, имамот на една од нападнатите џамии, Ибрахим Абдул Халим, рече оти муслиманите го сакаат Нов Зеланд и додаде дека екстремистите никогаш нема да ја разнишаат оваа доверба.

Иако ден по нападот многу продавници се затворени и граѓаните претежно останаа во своите домови, во билизина на нападнатите џамии граѓани оставаат букети цвеќе.

Крајстчрч е трет град по големина на Нов Зеланд, земја која што има ниска стапка на криминал и вооружени напади.

 

DW.COM

Реклама