1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bildergalerie Brückenbauer Kristian Cierpka
Фотографија: Kristian Cierpka

Ќе се гради нова населба на падините на Водно

ДТЗ
3 јуни 2021

Најавите се дека на површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно над Институтот за белодробни заболувања во Козле.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BA-%D0%B2%D1%80%D0%B7-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE/a-57771303

На површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно над Институтот за белодробни заболувања во скопско Козле. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Ј 04 Козле, кој ги поминал сите фази и наскоро ќе биде ставен на усвојување од Советот на Општина Карпош, пишува сдк.мк. Планот предвидува над Институтот за белодробни заболување, да се градат куќи со дозволена катност од приземје, два ката плус поткровје.

Граѓанските организации реагираат дека со планот повторно се уништува зеленилото во градот, а се предвидуваат градење на терен каде земјиштето се лизга и градбите се небезбедни. Тие сметаат дека се користат сите можни дупки во законот, како што е Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за влијанието на градежните активности врз животната средина, за да се додадат маркици за градење.

-повеќе на темата: Закон за дивоградби: Амнестија од одговорност и вовед во градежен хаос

Јавната анкета и јавната презентација за овој ДУП е спроведена во мандатот на претходниот градоначалникот Стевче Јакимовски во 2015 година. Од општина Карпош во изјава за медиумите тврдат дека над болницата во Козле нема да се градат станбени згради, туку објекти за индивидуално домување, со максимална висина до 10 метри.  Граѓанските организации, пак, се децидни – бараат општина Карпош да ја запре постапката за донесување на ДУП за Козле и тој да не се става на гласање, без да се вклучи јавноста.

Предистражни постапки

Најавите за нови градби во Скопје со месеци наназад ја брануваат јавноста. За проектите кои беа најавени да се градат кај „Холидеј Ин“ и кај „Треска“, реагираше и Државната комисија за спречување на корупција, која што отвори предмети и поднесе иницитиви до Обвинителството, со цел да се спречи прекумерната бетонизација на градот. Обвинителството по укажувањата од антикорупционерите за спорниот ДУП кај хотелот „Холидеј Ин“, отвори предистражна постапка и веќе се собираат докази за сомнежите дека повеќе службени лица меѓу кои и двајца поранешни градоначалници на Општината Центар од 2009 до 2013 година и од 2013 до 2017 година – од позиција на моќ не постапувале и овозможиле да биде изгласан спорен ДУП. До 17 јуни е рокот за достава на мислењето во однос на барањата за суспензија на ДУП-овите во Центар. Вкупно единаесет елаборати се доставени за суспензија.

Закон за урбанизам на доработка

За урбанистичките планови денеска требаше да се расправа и на собраниска комисија, но од дневен ред на Комисијата за транспорт и врски беше тргнат Законот за урбанистичко планирање, поради потребата да се доработи. ВМРО-ДПМНЕ бара да не се брза со законот и да не се носи во скратена постапка. „Сметам дека треба да се повлече, да се доработи, да се вклучи стручната јавност, а потоа да се пушти во редовна постапка“, изјави пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се согласува дека е потребна стручна дебата. „Не знам зошто се создаде фама во јавноста, сите сме против интригашите во урбанизмот. Членот 35 го дискутиравме со невладините и пратениците и се согласивме да се дообјасни. И нема да се дозволи состојба каде ДУП и ГУП не се усогласени. Прифаќам дебата, но не блокада“, изјави Бочварски.

-повеќе на темата: Дивоградбите се поопасни од земјотресите!

Измените на Законот за урбанизам се на барање на повеќе градоначалници и главна цел е да се спречат злоупотребите на планерските куќи да работат урбанистички планови за само 1 денар. „Најважен аспект на измените е изборот на планерска куќа која најчесто ја избираат општините за изработка на ДУП. Има колизија со Законот за јавни набавки и сакаме да се регулира тоа, изборот да се врши преку тарифникот и да се забрани фирмите да работат планови за 1 денар. Имавме таков случај, градоначалници не смеат да спречат, зашто сега изборот на фирма е по најниска цена“, вели Бочварски.

Градоначалниците сметаат дека со предложените измени на Законот за урбанизам ќе се забрза постапката за носење Детални урбанистички планови, но ќе се допрецизира и можноста за суспензија. Невладините организации и архитектите,пак, реагираат дека се отвора можност за „протнување“ на спорни детални урбанистички планови, како делот што го опфаќа паркингот спроти „Холидеј ин“. Проблемот го лоцираат во членот 35 во кој ќе се воведат исклучоци за важноста на Деталните урбанистички планови. Односно, се додава нов став каде што се наведува дека, по исклучок, одреден ДУП, донесен согласно Генерален урбанистички план кој престанал да важи, може да се применува ако намената на градбата е иста и ако не ја попречува сообраќајната мрежа.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница