Ново принудно слетување на Боинг 777 | Панорама | DW | 26.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Ново принудно слетување на Боинг 777

Авион од типот Боинг 777 денеска принудно слета на аеродромот во Москва поради проблем со моторот. Пред неполна недела поради слични проблеми во САД принудно слета и авион на компанијата Јунајтед Ерлајнс.

Според  извештаите на новинските агенции, за време на карго летот од Хонгконг за Мадрид е откриена неисправност на сензорот за управување со моторот.  Екипажот на авионот на компанијата „Росија“ одлучил леталото принудно да слета во Москва.

Интернет сајтовите за следење на авионски сообраќај потврдија дека станува збор за авион од типот Боинг 777.

Пред една недела авионот боинг 777-200 на компанијата Јунајтед Ерлајнс по полетувањето се врати на аеродромот во Денвер откако е забележан дефект на десниот мотор. Делови од леталото, притоа, падна на земја.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Што се случува со авионите на Боинг?

-Дали летањето со Боинг 737 Макс 8 е безбедно?

-Боинг 737 Макс: дали новиот авион е безбеден?

Американската сојузна служба за воздушен сообраќај (ФФА) издаде предупредување за авионите од типот Боинг 777.

Истоимениот американски производител на авиони соопшти дека со истрага се утврдени траги на „замор на металот“ на нивниот авион 777 и оти 128 авиони од тој тип треба да се суспендираат додека не се извршат сите потребни инспекции, а дека во моментот 69 авиони со мотори  Прат Витни 4000 се во употреба, а 59 од нив се приземјени.

 

Реклама