1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Europäische Flagge
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/Le Pictorium Agency/N. Landemard

Нови санкции против Русија: Ембарго за јаглен

ЕМФ
8 април 2022

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, вклучително и забрана за увоз на јаглен.

https://p.dw.com/p/49e4w

Притисокот врз рускиот претседател Владими Путин се зголемува. Членките на Европската унија го одобрија петтиот пакет казнени мерки против Русија. Европската комисија предложи запирање на увозот на руски јаглен, дрво и водка, како и други санкции. Постојаните претставници на 27-те членки на ЕУ се согласија со предлозите на Европската комисија. Сега неопходните правни акти мора да се прифатат и во писмена постапка и да бидат објавени во Службениот весник на ЕУ. Формалните чекори ќе бидат договорени во текот на денешниот ден (8.04).

Спор околу санкциите

На одобрувањето на новите санкции им претходеше спор помеѓу членките на ЕУ. Полска беше против поставување рок од четири месеци за запирање на увозот на јаглен, наместо, како што предложи Европската комисија, преоден период од три месеци. Земји како Грција и Малта, освен тоа, се противат на затворање на пристаништата онака како што тоа го дефинира ЕК. Руските бродови не би требало веќе да смеат да влегуваат во пристаништата на ЕУ - со исклучок на транспорт на храна, помош и енергија.

Russland Kohlegrube
Ембаргото за увоз на јаглен би значело губење на околу четири милијарди евра за Русија (фото: рудник за јаглен во Кемерово, Русија)Фотографија: Phelan M. Ebenhack/AP Photo/picture images

Зголемување на економскиот притисок

ЕУ смета дека по обелоденувањето на злосторствата во предградијата на Киев, како што е Буча, нови санкции против Русија се неопходни. Русија негира дека е одговорна за злосторствата. Новите казнени мерки сега би требало да го зголемат економскиот притисок врз Москва.

Ембаргото за увоз на јаглен би значело губење на околу четири милијарди евра за Русија. Освен тоа, за руската економија дополнително да се заслабне, треба да има натамошни ограничувања за трговијата со Русија во обем од околу 10 милијарди евра. Тука се вборјуваат на пример квантни компјутери и транспортни средства, се вели од Комисијата. Исто така, нема да се увезуваат производи како дрво, цемент и морски плодови, во вредност од 5,5 милијарди евра, а руските компании нема да смеат да учествуваат на тендери во државите на ЕУ.

- повеќе: Кои санкции би можеле да го запрат Путин?

Покрај економските мерки, се санкционираат и други лица од опкружувањето на рускиот претседател. Тие нема да смеат веќе да влегуваат во ЕУ, а се замрзнува и нивниот имот во Унијата. Меѓу погодените се и ќерките на Путин.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Рација против група која планирала државен удар во Германија

Рација во Германија: Планиран државен удар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница