Нови протести против судската реформа во Полска | Свет | DW | 27.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нови протести против судската реформа во Полска

Без оглед на масовните протести, полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша спорниот закон за судството, кој на владата ѝ овозможува да ги одредува идните претседатели на Уставниот суд.

Повеќе илјади владини критичари синоќа протестираа во неколку полски градови поради контроверзната судска реформа спроведена од национал-конзервативната влада на партијата Право и правда. „Слободни судови“, скандираа демонстрантите пред Претседателската палата во Варшава, веејќи полски и европски знамиња и извикувајќи преку мегафони: „Срамота“. Многумина мирно демонстрираа со свеќи во рацете против „разградувањето на демократијата“.

„Европо, не се откажувај“, извикуваа во Краков политичките противници на владејачката партија, повикувајќи ја Европската комисија да интервенира. Протестни собири се одржани и во Вроцлав, Позњан и Штетин.

Демонстрантите сметаат дека по бројните владини реформи, е загрозена независноста на судството во Полска. Партијата право и правда, откако ја презеде власта во 2015. година, ги стави под своја контрола Уставниот суд, како и останатите судови, критикуваат тие.

Повеќе: 

Пензионирање на полските непослушни судии

ЕУ ќе мора да ја заузда Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера стави свој потпис на исклучително спорниот закон кој ѝ овозможува на владата да ги одредува идните претседатели на Уставниот суд. Законот е дел од правосудната реформа, која беше повод ЕК неодамна да поведе постапка против Полска за кршење на основните вредности на ЕУ. Правната држава во Полска е загрозена, смета Брисел. 

На почетокот на јули се случи најновата ескалација- принудното пензионирање на повеќемина судии од Врховниот суд, според владата, мерка во рамките на борбата против корупцијата и остатоците од комунизмот, а според критичарите - обид за ослободување од непослушните судии.

 

DW.COM

Реклама