Нови протести во Тирана, ЕУ и САД апелираат за воздржаност | Информации и анализи за Балкан | DW | 21.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Нови протести во Тирана, ЕУ и САД апелираат за воздржаност

Европската унија и САД ги повикаа албанските политички лидери да се избегнува насилство на антивладините протести во главниот град, кои денеска се одвиваат пред зградата на парламентот.

„Ние го реафирмираме правото на граѓаните да учествуваат на мирни демонстрации... но строго отфрламе секаква реторика на политичките лидери која повикува на насилство“, порачаа во заедничка изјава првата дипломатка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Амбасадата на САД во Тирана денеска ги повика приврзениците на опозицијата мирно да го изразуваат своето право на јавно собирање и да го отфрлат насилството, а владата и безбедносните сили да покажат воздржаност.

Повеќе:

-Нови безредија во Албанија може да бидат фатални

-Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана

Илјадници демонстранти, приврзеници на албанската опозиција ја опколија денеска зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата за која тврдат дека е корумпирана и поврзана со организираниот криминал. Стотици полицајци и бариери од бодликава жица ја заштитуваат зградата на парламентот во кој беше откажана денешната седница.

65 опозициски пратеници предводени од Демократската партија на Љуљзим Баша потпишаа писма со оставки и бараат предвремени избори. 

Пред почетокот на денешните протести Баша изјави: „Ние сега ќе водиме граѓанска, мирна и демократска борба за да го вратиме легитимитетот и демократијата во Албанија“. Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама има 74 од вкупно 140 места во албанскиот парламент.

 Федерика Могерини и  Јоханес Хан денеска ја осудија одлуката на опозициските пратеници да излезат од парламентот како „контрапродуктивна“ и наведоа оти таа е спротивна на изборот на албанските граѓани и го поткопува напредокот кој земјата го оствари на патот кон ЕУ. На протестите во минатата недела демонстрантите се обидоа да продрат во канцеларијата на премиерот Рама, а полицијата употреби солзавец.

 

DW.COM

Реклама