Нови обвинувања против Ауди | Економија | DW | 02.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нови обвинувања против Ауди

Ауди употребувал недозволен софтвер, соопшти германскиот министер за сообраќај Александер Добринт. Сега треба да бидат повлечени 24.000 возила. Концернот им се извини на купувачите.

Ауди, концерн-ќерка на Фолксваген, вградувал софтвер во возилата кој препознавал кога автомобилот е на проверка, по што се вклучувале системите за прочистување на издувни гасови. Сега мора да бидат повлечени 24.000 возила, изјави германскиот министер за сообраќај Александер Добринт.

Се работи за моделите Ауди А8 и А7 со дизел мотори В6 и В8. Возилата биле произведени во периодот од 2009  до 2013 година. Речиси половината од овие автомобили се продадени во Германија, а останатиот дел во земјите на ЕУ, напиша весникот „Билд“.

Според Ауди, целиот процес на актуелизирање на софтверот, кое ќе трае околу половина час, треба да почне во јули.„Ауди целосно ќе соработува со властите“, сопшти концернот и им се извини на купувачите.

Ауди и Фолксваген веќе имаат постигнато спогодба со американското Министерство за правда тешка милијарди долари поради тоа што во САД продале околу 83.000 возила со Ауди-дизел мотори и софтвер кој е илегален во таа земја, а кој дава пониски вредности на издувните гасови.

DW.COM

Реклама