Нови корона-рестрикции: Влез во затворени објекти само за вакцинирани и прележани | Северна Македонија | DW | 15.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Нови корона-рестрикции: Влез во затворени објекти само за вакцинирани и прележани

Комисијата за заразни болести неделава повторно ќе ја разгледува можност за проширување на рестриктивните мерки против Ковид-19.

Digital Green Certificate

Влегувањето во затворени објекти без ковид-сертификат во Северна Македонија од понеделникот веќе не е можно

Од денеска граѓаните за влез во објекти ќе мора да приложат сертификат/потврда за имунизација од вирусот Ковид-19, односно за примени две дози на вакцината или, пак, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. 

„Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, порача изутринава министерот за здравство, Венко Филипче.  

Ваквата одлука ја донесе Владата на 26 октомври.  Комисијата за заразни болести во текот на неделава повторно ќе ја разгледува можноста за проширување на рестриктивните мерки против Ковид-19. Министерот Филипче како една од опциите го спомена и проширувањето на критериумот за влез и за други места и настани. 

Со една доза вакцинирани се 58 отсто од полнолетните граѓани во земјата, а 47 отсто се ревакцинирани. Ако се земат предвид и малолетните граѓани, тогаш 38 отсто од целокупната популација во државата е ревакцинирана. Во текот на викендот, според податоците од Министерството за здравство, аплицирани се 4.684 вакцини. Од нив 1.133 биле користени како прва доза, 916 за ревакцина, а 2.635 биле дадени како трета доза. Трета доза досега примиле 54.170 граѓани.