Нови забрани и блокади во Турција, а следуваат и важни одлуки | Свет | DW | 20.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови забрани и блокади во Турција, а следуваат и важни одлуки

Туција им забрани патување во странство на универзитетските професори а го блокираше и пристапот до Викиликс. Претседател Ердоган најави важни одлуки од денешната средба на Националниот совет за безбедност во Анкара.

Пет дена по неуспешниот државен удар во Турција, Високиот совет за образование на Турција им ги забрани сите патувања во странство на универзитетските професори, јави денеска државната новинска агенција Анадолија. Советот соопшти дека оние професори кои во моментов се наоѓаат во странство ќе бидат повикани во најкраток можен рок да се вратат во Турција, освен ако не постои некоја итна потреба да останат, наведе агенцијата. Оваа наредба е издадена откако Советот издаде наредба 1577 декани од сите ууниверзитети во Турција да поднесат оставка, а министерството за образование во посебна наредба им ги повлече работните дозволи на 21 илјада наставници вработени во приватните образовни институции.

Во чистките кои владата ги спроведува по неуспешниот воен удар во петокот вечерта, приведени, отпуштени или суспендирани се повеќе од 50 илјади луѓе, меѓу нив војници, полицајци и судии.

Блокада за Викиликс

Покрај тоа турската агенција за телекомуникации денеска го бллокираше пристапот до Викиликс. Интернет платформата вчера имено објави речиси 300 илјади имејли од членови на владејачката партија АКП.

Објавените имејли датираат од 2010 година а последниот е испратен на 6 јули. Викиликс на својот сајт соопшти дека имејлите со тој домен главно се користени за односи со светот, „наспроти најчувствителните внатрешни прашања“. Истотака е соопштено дека интернет платформата дошла во сопственост на имејлите една недела пред неуспешниот државен удар во Турција, и оти тие се објавени порано од планираното, како „одговор на чистките“ кои следуваа по неуспешниот пуч.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган за одговорен за пропаднатиот пуч го посочи свештеникот Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во егзил во САД. Ѓулен ги отфрли таквите обвинувања и во меѓувреме побара од САД да не го прифаќаат доставеното барање од Турција за негово израчување.

Ердоган денеска во Анкара на средбата на на Националниот совет за безбедност разгледува натамошни мерки . Притоа тој најави дека на средбата ќе бидат донесени важни одлуки.

Реклама