Нови безредија во Албанија може да бидат фатални | Свет | DW | 18.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нови безредија во Албанија може да бидат фатални

Албанската опозиција ја обвинува владата за корупција и бара нови избори. Најавено е продолжение на протестите на кои во саботата имаше и насилство. Нови безредија можат да бидат фатални за евроинтеграцијата на земјата.

Албанија е повторно актуелна тема. Она што во саботата (16.02.2019) се случуваше во Тирана потсетува на сцените од 1990-те. Демонстрации на кои повикаа опозициските партии и кои требаше да бидат насочени против владата на социјалистите и премиерот Еди Рама и против растечката корупција во земјата, ескалираа со изливи на бес - демонстранти кои се обидоа да влезат во зградата на владата и кои палеа дрвја и полиција која употреби солзавец и водени топови. Билансот - десетици повредени на двете страни, како и материјална штета. Уапсени беа најмалку 16 демонстранти.

Повеќе: 

Албанија во уставна криза

Протести во Албанија: Нов зрак надеж

„Сакаме Албанија да биде како Европа“

„Албанците не се сиромашни, но се чувствуваат измамени. Сакаме Албанија да биде како Европа“ - гласеше мотото на протестот. Првиот човек на најголемата опозициска партија - Демократската партија (ПД) - Љулзим Баша е охрабрен од големиот ефект на протестите и за четврток (21.02.2019) најавува нивно продолжение. И, се заканува со бојкот на парламентот. Тој на раководството на својата партија има намера да му предложи напуштање на парламентот. Зашто, како што вели, не сака ПД и натаму да придонесува за одржување на фасадата на парламентот, произлезен од избори диктирани од страна на криминалци. Опозицијата од последните парламентарни избори во 2017 година не запира да бара оставка на владата, која ја обвинува за непотизам, вмешаност во криминални бизниси и нетранспарентни тендери.

Albanien Tirana - Protest der Opposition (Getty Images/AFP/G. Shkullaku)

Поддржувачи на опозициските партии во Албанија се обидуваат да продрат во зградата на Владата (16.02.2019)

Корупцијата е најважната политичка тема во Албанија. Граѓаните постојано се жалат дека се преземаат премалку чекори во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Иако Албанија во меѓувреме спроведе правосудна реформа, која беше оценета како единствена во регионот, земјата и натаму се вбројува меѓу најкорумпираните во Европа. Албанците сѐ повеќе својата држава ја доживуваат како болен клиентелистички систем.

Актуелните протести на опозицијата доаѓаат по повеќенеделните студентски протести во Тирана. На нив се бараше радикална образовна реформа - ниски студентски такси, подобри услови за студирање и решителна борба против корумпираните раководни елити на универзитетите. „Не дозволувајте да се иселиме, ние сакаме да студираме и работиме во нашата земја“, извикуваа студентите на протестите до средината на јануари.

Нездрава политичка клима

Политичката клима во Албанија три децении е одбележана речиси непрекинато од конфронтации помеѓу владеачките и опозициските партии поради изборни манипулации. Политичката дебата не се води со аргументи и факти, туку често се води на ниво на лични непријателства. Во парламентот не се реткост дури ни тепачките. Најнови инциденти се фрлањето јајца и мастило врз премиерот Рама во парламентот. Таква дебата предизвикува само иритации во земјата.

Гледај видео 00:58

Мастило врз Рама

Поради тоа, уште пред протестите во саботата се очекуваше илјадници луѓе да го следат повикот на опозициските партии и да излезат на демонстрации. Од ескалации се стравуваше уште пред демонстрациите. Поради тоа, особено претставниците на западните влади, пред сѐ ЕУ-претставништвото во Тирана и амбасадата на САД, повикаа на смиреност.

Водечките политичари од големите партии во Албанија, меѓутоа, не можат и не сакаат да се вразумат, напротив - судирот е бескомпромисен, префрлањето на вината е контрапродуктивно. Притоа, компромисот е клучен за решавање на проблемите.

Повеќе: ЕУ на Балканот: Уште една изгубена година

Да не се прокоцка ЕУ-перспективата

Политичарите сѐ уште не научија да се однесуваат фер едни кон други и да водат конструктивен дијалог. Тие постојано се враќаат на своите утврдени позиции, притоа знаејќи дека внатрешнополитичка криза го отежнува евроинтегративниот процес на Албанија.

Albanien Tirana - Protest der Opposition (picture-alliance/AP Photo/H. Pustina)

За четврток (21.02.2019) се најавува продолжение на протестите

Демократски дијалог е единствен излез од кризата, за да се постават смерниците за неопходните реформи. Консолидирање на правната држава и слобода на печатот се само дел од најважните реформи кои ЕУ ги бара од земјата. Албанија, која е членка на НАТО од 1009 година, се обврза кон ЕУ дека ќе ги спроведе овие реформи. На Албанија не ѝ се потребни нови безредија и несогласувања. Секое одложување може да има тешки последици за земјата. Минатата годиан Албанија пропушти еден термин за отворање на преговорите со ЕУ. Второ одлагање - на самитот на ЕУ во јуни годинава - би било фатално за земјата.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама