Нови апсења, истрага и против Бекенбауер? | Панорама | DW | 30.12.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Нови апсења, истрага и против Бекенбауер?

По налог на ФБИ уапсени и други функционери во врска со корупцискиот скандал во ФИФА. Етичката комисија на ФИФА годинава треба да се занимава и со улогата на Бекенбауер, Нирзбах и Цванцигер во аферата околу СП 2006.

Високи по ранг претставници на фудбалскиот сојуз на Мексико се уапсени во Мајами на Флорида од страна на американската федерална полиција ФБИ. Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието го потврди апсењето на четири лица , меѓу нив и Десио Де Мариа (на насловната фотографија), кој од август е претседател на фудбалскиот сојуз на таа држава, како и неговиот претходник на функцијата Хустино Компеан. Нието не остави сомнеж во тежината на доказниот материјал против нив двајца: „Мексиканската влада, со оглед на срамните дела на Десио Де Мариа и Хустино Компеан, учествува во меѓународните напори за запирање на корупцијата во фудбалот“, рече шефот на државата на прес-конференција.

Компеан е еден од тројцата потпретседатели на континенталната фудбалска унија за Северна и Централна Америка и Карибикот (КОНКАКАФ). Во светскиот фудбал е функционер уште од 1986. година, кога беше член на организациониот комитет за светското првенство во Мексико.

Mexiko Fifa PK 2011

Без иднина во Фифа: Компеан (л.) и Ворнер

КОНКАКАФ во моментов остана без раководство, оти уште претходно во врска со корупцискиот скандал беше уапсен и претседателот на таа организација Алфредо Хавит од Хондурас, кој е и потпретседател на ФИФА.

И германското трио на удар на иследниците?

Етичката комисија на ФИФА треба во наредната година да поведе истрага и против клучните фигури во аферата околу изборот на Германија за организатор на светското фудбалско првенство во 2006. година. Улогата на Франц Бекенбауер, на доскорешниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Волфганг Нирзбах и на неговиот претходник на таа функција Тео Цванцигер во постапката за доделување на организацијата на СП се расветлува и интерно од страна на ДФБ, како и од адвокатската канцеларија Фрешфилдс. Тео Цванцигер релаксирано реагира на информациите за претстојната истрага во ФИФА, за која известија магазинот „Шпигел“ и весникот „Билд“: „Не се занимавам со такви најавувачки пароли. Што се однесува за мене, и онака нема ништо да произлезе“.

Deutschland Fußball Theo Zwanziger / Franz Beckenbauer / Wolfgang Niersbach

Тео Цванцигер, Франц Бекенбауер и Волфганг Нирзбах

Тешки обвиненија од Нирзбах против Бекенбауер

По осумгодишната суспензија за претседателот на ФИФА Јозеф Блатер и за претседателот на УЕФА Мишел Платини, во фокусот се’ повеќе запаѓаат и врвните функционери од Организациониот комитет на СП 2006. Франц Бекенбауер во 2014. година веќе беше супендиран на 90 денови оти не го одговори каталогот со прашања во врска со доделувањето на организацијата на СП во фудбал 2022 на Катар.

Во аферата која ги засегнува германските фудбалски функционери и натаму е нејасна намената на 6,7 милиони евра, уплатени од страна на ДФБ, ниту се знае каде завршиле тие пари. Предмет на претстојната истрага, според „Билд“, треба да биде и дубиозниот договор меѓу Бекенбауер (кој беше претседател на ОК за СП 2006) и потпретседателот на ФИФА Џек Ворнер, кој во меѓувреме беше доживотно суспендиран. Тој наводно никогаш нереализиран договор привременото раководство на ДФБ го оценува како обид за подмитување.

Од протоколите од сослушувањата што ги врши Фрешфилдс, кои „Билд“ ги обелодени во јавноста, произлегува дека Нирзбах тешко го товарел неговиот стар пријател „кајзерот“ Бекенбауер. Наводно, спорните 6,7 милиони евра неофицијално завршиле кај Финансиската комисија на ФИФА, за со нив да се финансира реизборот на Блатер како претседател на светската фудбалска асоцијација. Наредната година, значи, веројатно ќе биде многу непријатна за германското трио.