Новиот закон за труд- удар и за наталитетот | Европа | DW | 25.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Новиот закон за труд- удар и за наталитетот

Хрватската влада со новиот Закон за труд битно ги намали работничките права тврдат синдикатите. Експертите велат дека се работи за закон кој дополнително ќе ја наруши и онака катастрофалната демографска слика во Хрватска

По бурната расправа, Хрватска има нов Закон за труд, со кој, се чини, никој не е задоволен. За Синдикатите тој е обесправувачки, а за работодавачите- недоволно флексибилен и слабо поттикнувачки за стопанството. Гласот особено го дигнаа демографите кои потсетуваат дека хрватските семејства сакаат да имаат повеќе деца, но тоа, поради несигурноста на пазарот на трудот, е финансиски се потешко остварливо. Новиот закон им оди во прилог на црните проекции, според кои, хрватското население до 2050. година ќе падне на 3,5 милиони луѓе.

„Не случајно го нарековме овој закон- Закон на обесправено работништво, закон за капиталисти со кој се разградува социјалната држава и се воведува лизинг на работниците“, критикува Јасна Петровиќ од Женскиот фронт за работнички и социјални права, организација која ги обединува женските синдикални секции и здруженија во Хрватска. „Со Законот се зголемува несигурноста на работното место, се промовира работа на одредено време и се оневозможува осигурување на семејството, што вклучува и дискриминација на жените. Законот дефинитивно, битно ги намали работничките права“, додава таа.

Трудниците како глинени гулаби

Rentner in Zagreb

Лоши проекции за демографската слика во Хрватска

Според критериумите на Организацијата за економска соработка и развој за заштита на работниците, овој закон е послаб од последниот, а само унгарскиот дава послаби резултати од него. „Сега се олеснува давањето отказ на трудници. Ним работодавецот уште не почетокот на ликвидацијата на фирмата може да им даде отказ, што досега не беше случај. Во отказниот рок влегоа и годишниот одмор и боледувањето“, вели Петровиќ. Притоа, синдикатите предупредуваат и поради укинувањето на забраната за ноќна работа за трудници и мајки со деца до една година.

Шокантен е и податокот дека 93 отсто од нововработените жени добиваат договори за работа само на одредено време. „Тоа значи дека во оној момент кога жената ќе остане бремена, работодавецот не и го продолжува договорот. Во некои случаи, работодавците при вработувањето бараат од жените да потпишат дека нема да останат бремени и дека не планираат да основаат семејство. Тоа е пракса на повеќето трговски синџири“, вели Петровиќ.

Нема политика на наталитет

Со наведените критики се согласува и Анѓелко Акрап, демограф на Економскиот факултет во Загреб, кој со години предупредува дека државата нема кохерентна политика на наталитет која би се спроведувала без оглед на смените на власта. Тој предлага да се пресликаат добрите примери од скандинавските земји и Франција. „Германија на пример, нема добар закон за семејство и има големи проблеми со наталитетот, бидејќи вработените мајки не се во добра ситуација. Се работи за тоа да се предвиди позитивна дискриминација за оние кои имаат деца. Тоа е економски исплатливо бидејќи тие луѓе подигаат идна работна сила. Општеството во целина нема свест дека треба да овозможи репродукција на сопственото население“, вели Акрап.

Kroatiens Premierminister Zoran Milanovic

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ

Она што на хрватските политичари не им е јасно е дека демографската политика треба да биде дел од економската политика. Не треба да се заборави дека Хрватска е во далеку полоша ситуација од високоразвиените земји кои спроведуваат селективна миграциска политика и го пополнуваат пазарот на работна сила со профили на луѓе кои им се ним потребни.

Каде е социјалдемократијата?

За Јасна Петровиќ, најтажно е тоа што сето ова се случува во мандатот на влада која себеси се нарекува социјалдемократска. Законот, извесно е, ќе заврши пред Уставниот суд на кој и онака пречесто паѓаа законските решенија на владата на Милановиќ. „На Меѓународната организација за работа ќе и го пријавиме кршењето на конвенцијата за синдикално организирање и колективно преговарање. Ќе анализираме што можеме да смениме и на Европскиот суд во Луксембург“, вели Петровиќ.

Од хрватското Министерство за труд одговараат дека целта на новата регулатива е да се олесни реструктуирањето и работењето во државата. Работниците, велат оттаму, и натаму се заштитени како и досега.