Нова рунда неразбирање меѓу Белград и Приштина | Информации и анализи за Балкан | DW | 20.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Нова рунда неразбирање меѓу Белград и Приштина

Прашањето за признавање на Косово, формирање ЗСО, а сега и соочување со минатото – сето ова моментно се непремостливи пречки на патот на Белград и Приштина кон нормализација на односите, но и кон нивната иднина во ЕУ.

Иако ЕУ инсистираше на добра подготовка на состанокот за да не дојде до целосно фијаско, на какво бевме сведоци пред само еден месец, втората рунда на дијалогот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, не донесе воопшто подобра атмосфера, ниту било какви позитивни придвижувања. 

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, оцени дека разговорите биле „тешки“ и дека покажале „целосно различен пристап на двете страни кон нормализација на односите.“ 

„Единствен резултат е дека двете страни се согласија дека дијалогот ќе продолжи“, рече Лајчак. 

Само три часа порано, доаѓајќи на разговорот меѓу Вучиќ и Курти, главниот посредник на ЕУ, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, оптимистички најави дека очекува „конструктивен и прагматичен“ пристап од двете страни и „чекор напред“ во дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина. 

До чекор напред не само што не дојде, туку се чини оти разговорите меѓу Белград и Приштина сѐ повеќе тонат во меѓусебни обвинувања и целосно отсуство на разбирање и компримис.  

Којлаже, а кој го обесмислува дијалогот

Според претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оваа рунда на дијалогот била дури и полоша од претходната, со констатација дека би било подобро да не се ни одржала.  

Вучиќ веднаш по излегувањето од состанокот, кој траеше пократко од предвиденото, порача дека приштинската страна не сакала да ги прифати дури ни претходно со ЕУ усогласените предлози кои се однесуваат на интензивирање на идентификацијата на исчезнатите лица, воздржување од еднострани акции кои можат да ја дестабилзираат ситуацијата на терен и интензивирање на состаноците на главните преговарачи. 

„Србија во целост се согласи со она што го предложи ЕУ, со сите три точки, без и една забелешка, дури прифативме и некои желби на Албанците, но Албанците не сакаа ништо да прифатат“, изјави Вучиќ во Брисел. 

И додека претседателот на Србија напоменува дека и посредниците од ЕУ биле шокирани од ваквиот став на Приштина, премиерот на Косово, Албин Курти одговара дека претседателот на Србија „не ја зборува вистината“. 

-повеќе: 

Брисел: Што може да донесе првата средба на Вучиќ и Курти?

Вашингтон е јасен, но што Брисел очекува од Курти?

Прво да се договорат ЕУ и САД, па потоа Белград и Приштина?

„Ова е лага. Тој лаже. Причина зошто немаме заеднички став е што српската страна го одби изразот ‘соочување со минатото', иако тоа европската страна го прифати. Тука е проблемот“, изјави Курти.

Србите и Албанците „вкопани“ меѓу минатото и иднината

Косовскиот премиер Албин Курти во изјавата по втората рунда од дијалогот со српскиот претседател, најмногу инсистираше токму на фактот што според неговот мислење, напредок во дијалогот и на патот кон подобра иднина нема да има, додека Србија е се соочи со минатото.

Гледај видео 06:05

Исчезнатите на Косово- 20 години подоцна

„Имаме долга историја, ние Албанците и Србија како држава. Никогаш не велам, како други, дека Србите се геноциден народ. Велам дека Србија изврши геноцид, односно дека нејзиното раководство е одговорно за геноцид“, вели Курти. 

Според српскиот претседател, „враќањето на 19 век“ е само уште еден показател дека Приштина нема сериозни намери кога станува збор за нормализација на односите со Белград. 

„Нивната стратегија е во целост да се обесмисли дијалогот и на крајот да се укине, а во меѓувреме да се случи нешто што би било решение, а не сум во состојба да видам што“, вели Вучиќ. 

Двајцата посредници во овој дијалог, Борел и Лајчак, ги повикаа Србија и Косово да се свртат кон иднината и заеднички да работат на надминување на наследството од минатото. 

„Мораме да гледаме кон иднината, а тоа е европската перспектива“, порача Борел.

Доста поблиска и поопиплива иднина за Србија и Косово е крајот на август, за кога е закажана нова рунда на експертските разговори меѓу Белград и Приштина со цел во септември да се подготви терен за нов обид за разговор меѓу Вучиќ и Курти. 

ЕУ останува доследна во своето инсистирање за динамизиран и непрекинат процес на разговори, кои, барем во овој момент, не водат кон суштината и целта – а тоа е нормализација на односите меѓу Србија и Косово и нивна заедничка иднина во ЕУ.