Нова провокација од Северна Кореја | Свет | DW | 29.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова провокација од Северна Кореја

Северна Кореја не смее да тестира ракети - тоа ѝ е забрането со повеќе резолуции на ОН. Сепак, Пјонгјанг си продолжува по свое. Испалена е нова ракета, која заврши во јапонските територијални води.

Северна Кореја повторно провоцира со нов ракетен тест. Според информации на армијата на Јужна Кореја, Пјонгјанг испалил ракета со краток дострел која завршила во Јапонското Море. Токио соопшти дека тестот претставувал ризик за бродовите и авионите во регионот. Меѓутоа, штети нема. Јапонскиот премиер Шинзо Абе го осуди тестирањето и се закани со „конкретни дејства во соработка со САД“.

Американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за тестот, изјави портпарол на Националниот совет за безбедност во Вашингтон. Трамп во петокот, на средба со Абе на маргините на самитот на седумте водечки индустриски нации (Г7), најави дека „големиот проблем“ Северна Кореја „ќе биде решен“.

На тоа укажа и јапонскиот премиер. На самитот на Г7 во Таормина сите учесници биле согласни дека „севернокорејскиот проблем е топ-приоритет на меѓународната заедница“, рече Абе пред новинарите во Токио. „Никогаш нема да ги толерираме провокациите на Северна Кореја кои не престануваат и кои ги игнорираат постојаните предупредувања на меѓунаронмата заедница“, нагласи тој.  Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, кој на должност стапи неодамна, свика итна седница на Националниот совет за безбедност. Тој инсистира на дипломатско решение на конфликтот со комунистичка Северна Кореја.

Nordkorea - Kim Jong Un - Raketentest (picture alliance/dpa/AP/ Uncredited/KRT)

Раководството на Северна Кореја работи на развивање интерконтинентална ракета

Пјонгјанг само во мај има тестирано три ракети. Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун се обидува да развие ракета со долг дострел со нуклеарна глава која ќе може да стигне до САД. Експертите проценуваат дека на Пјонгјанг ќе му бидат потребни уште неколку години додека биде во состојба да ги нападне САД со интерконтинентална ракета. Меѓутоа, со секој тест раководството на Северна Кореја е сѐ поблиску до таа цел.

 

DW.COM

Реклама