1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова експлозија во Лондон

ЕМФ
15 септември 2017

Во полн вагон од лондонската подземна железница утрово се случила експлозија, во која има најмалку 22-ца повредени. Ниту еден не е во животна опасност.

https://p.dw.com/p/2k1tW
London Explosion in Underground
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Leal-Olivas

Повредените имаат во најголем дел изгореници и сместени се во болница. Ниту еден не е тешко повреден или во животна опасност, соопштија спасувачките екипи. Очевидци тврдат дека слушнале силен звук и виделе огнен ѕид во времето на експлозијата. Луѓето во паника бегале од станицата на метрото.

Großbritannien Explosion Metro Parsons Green
Фотографија: Reuters/H. Mckay

Според Скотланд Јард, експлозијата, која се случила во 08:20 часот во близина на станицата Парсонс Грин, била предизвикана од бомба од рачно производство. На социјалните мрежи претходно кружеше слика од бела канта од која излегуваат жици, каде наводно била поставен експлозивот. Полицијата ја нема потврдено автентичноста на фотографијата.

Großbritannien Explosion Metro Parsons Green
Фотографија: Reuters/H. McKay

Британската премиерка Тереза Меј свика седница на кризниот штаб, а министерот за надворешни работи Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат мирни. Во Велика Британија во сила е висок степен на предупредување од тероризам. Во четирите напади кои се случија годинава, загинаа 36 лица.

Во Лондон експлодирала бомба од рачно производство