Нова брза линија: Од Берлин до Минхен за само четири часа | Економија | DW | 09.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нова брза линија: Од Берлин до Минхен за само четири часа

Во Германија е пуштена во употреба новата екстремно брза траса меѓу Берлин и Минхен, со која патувањето со воз се крати за цели два часа.

Наместо шест часа, патувањето со воз од Берлин до Минхен ќе трае четири часа. Во првиот воз на новата екстремно брза траса беше и канцеларката Ангела Меркел.

Возот може да достигне максимална брзина од 300 километри на час. Новата траса, која е најмодерна во земјата, се градеше 10 години. Должината на сите 26 тунели изнесува 57 километри, а изградени се и 37 мостови.

Промоцијата на новата траса беше проследена и со проблеми. Поради технички проблеми на возот, тој при враќањето мораше повеќепати да застане.

Гледај видео 01:44

Од Берлин до Минхен за само четири часа

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама