Нова афера со методите на сослушување на ЦИА | Свет | DW | 12.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова афера со методите на сослушување на ЦИА

Шефот на американската тајна служба ЦИА, Мајкл Хајден, вчера одговараше на прашања на Конгресмените поврзани со најновата афера на уништување снимки од сослушувањето на осомничени терористи на Ал Каеда.

default

Поранешниот агент на ЦИА, Џон Кириаку


За Џон Кириаку молчењето е една од најголемите доблести. Поранешниот агент на ЦИА бил вклучен во апсењето на блискиот соработник на Осама бин Ладен, Абу Зубаида. Кириаку со години не кажал ниту збор за случајот, онака како што му налагале правилата на службата. Но, откога се разгоре јавната дебата во САД околу уништувањето на некои видео снимки од сослушувања на ЦИА, тој јавно зборува за сопствените искуства - и тоа на сите ТВ канали.
„Тогаш тоа не го доживував како измачување. Тие луѓе не‘ мразат нас Американците повеќе отколку што си го сакаат сопствениот живот. Но, во меѓувреме го сменив мислењето. Т.н. вотербординг не би требало да го применуваме понатаму, затоа што ние Американците сакаме да бидеме подобри луѓе.„
Токму спорниот вотербординг наводно се наоѓал на снимките на ЦИА што биле уништени од самата тајна служба. Кириаку вака ја опишува таа метода на сослушување:
„Лицето што треба да се сослушува се легнува на маса, така што нозете се на повисоко од главата. Потоа неговото лице вклучувајќи ја и устата се покриваат со една материја слична на целофан и врз неа се истура вода. Водата не влегува во устата, но масата предизвикува многу силен рефлекс на повраќање и буди чувство дека ќе се задушите.„
Џон Кириаку го раскажува ова од сопствено искуство. Тој ја испробал методата на своето тело како дел од тренингот во ЦИА и издржал одвај пет секунди. Но и тоа било доволно страшно доживување:
„Се јавува голема напнатост во мускулите. Тоа е апсолутно непријатно чувство.„
Кириаку наводно не бил лично на сослушувањата на Абу Зубаида, едниот од двајцата терористи кои биле на уништените видео снимки. Но, колегите му раскажувале дека Абу Зубаида издржал дури 35 секунди. Затоа пак потоа била потполно скршена неговата на изглед непопустлива волја.
„Следниот ден им кажал на моите колеги дека ноќта му се укажал Алах и му рекол оти е подобро да соработува со ЦИА. Тоа ќе им олесни и на неговите собраќа во борбата кои се исто така уапсени.„
Информациите што потоа ги открил Абу Зубаида им помогнале на американските тајни служби да спречат нови терористички напади и да спасат многубројни животи. Затоа Кириаку ги оправдува тогашните методи на ЦИА:
„Во тој кус период кога ги користевме во случајот на Абу Зубаида, тие беа важни. Неубави, но важни. Но, денеска мислам дека имаме подобра позиција во борбата против Ал Каеда и затоа не ги сметам повеќе за неопходни.„