Новата опасна детска болест се шири низ Европа – лекарите пред загатка | Панорама | DW | 16.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Новата опасна детска болест се шири низ Европа – лекарите пред загатка

Во Европа досега се заразени 230 деца, а две умреле од новата животно опасна болест кај децата, за која не е јасно дали е поврзана со коронавирусот.

Службата на ЕУ за превенција од болести, ЕЦДЦ, во извештајот објавен синоќа предупреди од новата животно опасна болест кај децата, од која досега се регистрирани 230 случаи во Европа, а две деца се починати. Малите пациенти притоа имале висока температура и запаленија слични на познатиот Кавасаки-синдром или на токсичен шок-синдром. Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус од Женева ги повика сите клиники во светот да бидат внимателни, да бидат во контакт и да соработуваат со здравствените национални служби и СЗО заради подобро запознавање со болеста.

Едно од починатите деца е од Марсеј, Франција, имало девет години, умрело минатата недела. Детето било позитивно на тест на коронавирус, но не покажувало симптоми. Француските научници во четвртокот соопштија дека во клиника во Париз меѓу 27 април и 7 мај се третирани 17 деца со симптоми слични на заболувањето Кавасаки, што се состојат од воспаление, отечени екстремитети, осип на кожата и срцев удар. „Болеста Кавасаки обично се јавува кај деца под пет години, додека болеста што ја набљудуваме сега влијае на деца на возраст меѓу 5 и 15 години“, изјави портпаролката на националната здравствена агенција на Франција. Второто починато дете е од Велика Британија.

Повеќе:

Листата на симптоми на коронавирусот непрекинато се шири

Студија: Коронавирусот го погодува и невролошкиот систем

Коронавирус: новите симптоми и четирите фази на заболување

Лекари шокирани од брзината со која убива коронавирусот

Европската служба за превенции од болести оваа нова болест ја класифицира како можна компликација од Ковид-19, со укажување дека таа треба внимателно да се следи. Дали навистина постои поврзаност со Ковид-19, уште не е докажано. Од коронавирусот фактички досега за посебно загрозени се сметаа постарите луѓе и лица со хронични заболувања.

Уште пред неколку дена и во американската сојузна држава Њујорк беа регистрирани повеќе од 100 случаи на новата мистериозна болест, едно петгодишно дете почина од последиците. Тамошните лекари известуваа за локално зачестени случаи на деца кај кои биле нападнати повеќе органи.

Реклама