Нобелова награда за економија за Ричард Талер | Економија | DW | 09.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Нобелова награда за економија за Ричард Талер

Годинешната Нобелова награда за економија му е доделена на американскиот научник Ричард Талер за неговите придонеси во расветлувањето на психолошките фактори во донесувањето економски одлуки.

Кралската шведска академија за науки денеска соопшти дека Нобеловата награда за економија му ја доделува на американскиот научник Ричард Х. Талер, кој моментно живее во Чикаго. Тој е одликуван поради неговите придонеси во расветлувањето на однесувањето на полето на економијата. Станува збор првенствено за психолошки фактори кои играат влијание врз донесувањето на економски одлуки.

Нобеловата награда за економија лани ја добија Оливер Харт и Бенгт Холмстром за својот придонес во сфаќањето на конструкциите на договорите. Економистите од САД доминираат во Нобеловата награда за економија од нејзиното прво доделување во 1969. година.

Нобеловата награда за економија, дотирана со 940.000 евра, не е една од оригиналните награди востановени од шведскиот индустријалец Алфред Нобел во неговиот тестамент од 1895 година. Таа беше воведена од шведската Риксбанк. Затоа наградата официјално се вика „Награда на шведската Риксбанк за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел". Наградата се доделува заедно со останатите Нобелови награди, на 10 декември, денот кога е починат Алфред Нобел.

 

DW.COM

Реклама