НЛО-аларм во Калифорнија | Свет | DW | 23.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НЛО-аларм во Калифорнија

Возбуда на западниот брег на САД - на вечерното небо се појави светлечки објект со облак од чад зад себе. Веднаш почнаа шпекулации дека се работи за НЛО.

Шпекулациите дека на небото над Лос Анџелес е виден неидентификуван летечки објект (НЛО) се покажаа како неточни - на разочарување на многу НЛО-ентузијасти.

Светлечкиот објект не е транспортно средство на вонземјани, туку ракета од типот Фалкон 9 на фирмата на Илон Макс - SpaceX.


Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија и можеше да се види и од соседната американска сојузна држава Аризона. Основачот на SpaceX, Илон Маск, со хумор го прифати шпекулирањето за неидентификуван летечки објект и постираше видео од ракетата на Твитер:

Ова е 18-ти старт на ракета на SpaceX годинава. Фалкон 9 во вселената однесе десет сателити за комуникација. SpaceX сака да понуди поволна алтернатива на државните вселенски програми и по налог на НАСА веќе ја снабдуваше меѓународната вселенска станица ИСС со неопходни материјали.

Гледај видео 00:42

НЛО на небото над Калифорнија?

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама