Ништо од нов распоред на силите во Струмица | Македонија | DW | 06.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ништо од нов распоред на силите во Струмица

Струмичкиот советник Методи Витанов демантираше дека преоѓа во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше објавено вчера и најави дека ќе делува независно, со поддршка за СДСМ.

Советникот во општина Струмица од редовите на ВМРО-Народна партија, Методи Витанов денеска објави видео порака во која истакна дека бил изманипулиран од страна на централното раководство на неговата довчерашна партија.

Тој притоа вели дека поради несериозноста на раководството на ВМРО-Народна партија си дава оставка, а мандатот во Советот на општина Струмица ќе го продолжи како независен пратеник, притоа поддржувајќи на советничката група на СДСМ.

За време на викендот советници од Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека советник од ВМРО-НП , која досега коалицираше со СДСМ во овој совет преминал во нивните редови.

Тие објавија дека со новиот развој на настаните советничката група на коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ има ново советничко мнозинство од 12  спрема 10 и побара итна седница за верификација на мнозинството како и избор на нов вршител на должноста градоначалник на Струмица. Социјалдемократскиот сојуз, чиј лидер и долгогодишен градоначалник токму на Струмица, Зоран Заев, во моментов прави обид да формира влада и обезбеди парламентарно мнозинство на државно ниво, потоа го повика советникот Витанов да ја преиспита одлуката.

Витанов во својата видео порака истакна дека ја почитува одлуката на централното претседателство на ВМРО-НП сега да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, но тој се смета себеси за грубо изманипулиран.

 

DW.COM

Реклама