Ништо не е случајно: Тесла ќе гради фабрика во Берлин | Економија | DW | 13.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Ништо не е случајно: Тесла ќе гради фабрика во Берлин

Во типичен Елон Маск стил, тој опуштено ги најави плановите за изградба на нова фабрика во близина на Берлин. Најавата се случува во вистинско време и за германските автопроизводители, смета Хенрик Беме.

China Automobilindustrie l Tesla Gigafactory 3 in Shanghai (Imago Images/VCG)

Гигафабриката на Тесла во Шангај

Новата фабрика на Тесла- наречена уште и Гигафабрика затоа што Елон Маск секогаш сака нешто „гига“- ќе се гради во малото место Гринхајде, југоисточно од Берлин, блиску до новиот аеродром. Најважно е дека ќе се гради во покраината Брандебург, што значи дека соседниот град-покраина Берлин нема да се офајди многу од проектот.
Локалното ривалство веројатно не го интересира многу Маск, освен доколку немал доверба во берлинчани дека ќе го завршат проектот навреме. На Маск сепак му се брза и сака фабриката да биде изградена во најскоро време.
Зошто? Затоа што германските автопроизводители конечно го видоа знакот на времето и почнаа засилено да инвестираат во електрични возила. Сигурен сум дека Маск забележал оти Фолксваген, пред помалку од една недела, одлучи да гради фабрика за електрични возила во покраината Саксонија. Откако актуелната фабрика ќе биде пренаменета, најголемиот светски производител на возила сака да произведува 330 илјади електрични возила секоја година.

Boehme Henrik Kommentarbild App

Хенрик Беме


Но тоа не е се: две други фабрики на Фолксваген во Германија исто така ќе бидат пренаменети, а компанијата сега сака да отвори нови и во Кина и во САД.
Доколку Тесла на почетокот беше мета на потсмев, наскоро ќе биде сериозен конкурент на германските автопроизводители. Амбициозниот старт-ап досега имаше проблеми со масовното производство и носи со себе огромна планина од долгови. Оттука, доколку Фолксваген, најголемиот светски производител- заедно со Тојота- влегува на пазарот на таков амбициозен начин, иако задоцнето, тогаш тоа е сериозна закана за Тесла. Затоа, одлуката на Маск да гради фабрика во Германија мора да се сфати како објава на војна.

Нови работни места во вистинско време

Дури и во сегментот на луксузни возила, во кој Тесла е лидер, конкуренцијата ќе и биде во Германија- Порше со својот Тајкан, Ауди со Е-Трон и Дајмлер со Мерцедес EQC. Одлуката на Тесла да произведува во Германија значи дека трката до врвот во сегментот на електричните автомобили сега се води во земјата каде беше произведен и првиот автомобилски мотор.
И покрај бројните неодговорени прашања, новата фабрика е супер вест за луѓето во регионот. Неколку илјади нови работни места ќе бидат отворени, и тоа во најдобро можно време. Неколку километри јужно од планираната фабрика, во местото Лузатиа, илјадници работни места ќе бидат загубени поради планираното затворање на тамошната фабрика за лигнит.
Сега остануваат уште облозите за тоа кој проект ќе биде завршен побрзо: фабриката на Тесла или новиот аеродром во Берлин (чија изградба започна во 2006 година).

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама