Нирнберг 1946 - во име на меѓународното право | Свет | DW | 01.10.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нирнберг 1946 - во име на меѓународното право

Пред 70 години во Нирнберг беа изречени пресудите против водечките нацистички воени злосторници.

На први октомври 1946 година беше соопштена пресудата: 12 од вкупно 22 обвинети беа осудени на смрт со бесење, за седуммина беше одредена казна затвор, а тројца беа ослободени. Тоа не беше само крајот на еден голем процес во кој беа прегледани 2.630 документи и беа сослушани 270 сведоци - сите снимени на 27.000 метри магнетофонски ленти и 7.000 винил плочи. Тоа беше и правна премиера: пресудата беше изречена од страна на Меѓународниот воен суд.

Никогаш претходно деспотите не се соочиле со фактот дека и над нив постои закон. Хитлеровата врхушка со лицето на правдата се соочи токму во Нирнберг, градот на нацистичките конгреси и пропагандни паради. Не затоа што ја изгубија војната, туку затоа што ја започнаа. Гледано од правен аспект, овој процес беше нешто сосема ново. Без согласноста на сојузниците за усогласување на различните правни системи на победничките сили, Нирнберг не би бил возможен.

Тоа значи дека процесот мораше да биде законсни заснован, а на тоа се работеше во Лондон - една година пред почетокот. На 8 август, 1945 година, победничките сили ја потпишаа Лондонската повелба. Тоа беше договор за начинот на кој ќе биде воден Нирнбершкиот процес. Шест неделните консултации, како што пренесуваа учесниците, биле хаотични, а и формата требала да се задоволи, па затоа преговорите се воделе на маса во квадратна форма со цел секоја од четирите победнички сили да има ист број на претставници.

1946 Nürnberg Hermann Göring

Херман Геринг, Нирнбершки процеси, 1946 година

Идејата за судењето на водечките нацисти потекнува од САД. Тие беа движечката сила; дури и за време на војната, тајните служби имаа информации за злосторствата извршени од страна на Германците и нивните сојузници во Источна Европа. Роберт Кемпнер, еден од обвинителите во Нирнберг, долго пред почетокот на процесот се занимавал со тоа како тие кривични дела воопшто и ќе можат да се докажат. Во Нирнберг, се покажа дека изведувањето на доказите не е проблем, бидејќи нацистите, бирократски прецизно и педантно воделе евиденција за нивните злодела. Дали поради тоа сите тие требаа да бидат осудени по кратка постапка? Наводно, уште во 1943 година, за време на Техеранската конференција на победничките сили, Сталин гласал за таква опција - најважните 50.000 нацистите едноставно да бидат убиени.

Лондонскатаповелбаиправнатарамка

На крајот беше одлучено да се организира големо судење. Во Лондон беше постигната согласност за главните точки на обвиненијата: за планирање и спроведување на офанзивна војна, кршење на правилата на војување (за воени злосторства) и злосторства против човештвото. Последната категорија, за прв пат во Лондон, беше воведена во правната терминологија.

На тој начин, четирите сили поставија нов правен поредок кој ги замени основите поставени со Вестфалскиот мир од 1648 година, кој значеше крај на 30-годишната војна. До тогаш, суверените држави со своите граѓаните можеа да прават што сакаат. А можеа и да водат војни се додека се чувствуваа способни за тоа. Лондонската повелба и Нирнбершкиот процес значеа крај на таквиот систем. Роберт Џексон, главниот обвинител од редовите на САД во Нирнберг, кој ја имаше целосната поддршка на претседателот Хари Труман, сакаше „светскиот поредок да добие правна основа“.

Процес

Целиот процес беше проект без гаранции. Уште за време на сослушувањето, Херман Геринг, главен командант на воздухопловството и еден од најпознатите нацисти на обвинителната клупа, се прогласи себеси за правно недопирлив: „Се што се случуваше во нашата земја, вас ни најмалку не треба да ве интересира“. За обвиненијата кои беа покренати против него тој изјави дека не се чувствува виновен; потоа, судот му забрани понатамошни изјаснувања.

Ханс Франк, нацистичкиот гувернер на Полска, ја изнесе суштината на правната дилема кога рече дека "хитлеризмот" не може да биде санкциониран со правни средства: „Хитлер се постави надвор од секој правен поредок“. Таквите изјави предизвикаа сомнеж во смислата на Нирнбершкиот процес, дури и кај Винстон Черчил. Поради тоа, тој препорача уапсените нацисти „да се стрелаат веднаш, без нивно предавање на повисоки органи“.

Обвинетите се чувствуваа безбедно и не само во правна смисла. Преку сите нивни искази се проникнуваше обид за релативизирање на сопствената вина - тие истата ја негираа и истовремено се криеа зад Хитлер, така подоцна напиша Јохан Шецлер, тогашниот помошник на адвокатот на Рудолф Хес. Ваквата почетна стратегија во текот на процесот ја изгуби сета сила, откако по сведочењето од преживеаните стана јасно колку монструозна била нацистичката машинерија за уништување на луѓе.

Соочувањето со грозоморните настани остави трага. Алберт Шпер, министерот на Хитлер за вооружување одлучи да соработува и напиша писмо до главниот обвинител Џексон. Ханс Франк, кој за време на војната беснееше во Полска, во затворска ќелија стана верник. Рудолф Хес, заменикот на Хитлер, велеше дека го губи памтењето. Само Херман Геринг до крајот остана арогантен и непресметлив, за на крајот да се самоубие и ја избегне пресудата.

ОдНирнбергдоХаг

На прво октомври 1946 година, британскиот судија Џефри Лоренс со читање на пресудата, без завршно обраќање, го заврши процесот на векот. Експертите за кривично и меѓународно право се надеваа дека „правно се вооружени“ за во иднина, но тоа очекување не беше исполнето, меѓу другото и поради почетокот на Студената војна. Тоа се промени во периодот помеѓу 1989 и 1991 година.

Злосторства против цивилите во Југославија и Руанда доведоа до оживување на идејата за меѓународно гонење на масовните злосторства. Во Хаг беа формирани трибунали за Југославија (МКТЈ) и Руанда (МКСР) и Конвенцијата за Меѓународниот кривичен суд (МКС). Но, обновувањето на меѓународниот суд е прилично ублажено: многу држави не го поддржуваат, а САД, Кина и Израел одбија да го ратификуваат статутот на МКС.

Затоа, сеуште е нејасно дали некогаш пресудите на Меѓународниот кривичен суд ќе бидат толку позитивно оценети како пресудите од Нирнберг. Но, на другата страна од правното размилсување, како што еднаш изјави историчарот Карл Дитрих Ердман - постои меѓународен консензус дека во Нирнберг „се случи право“.


 

 

Реклама