Нимиц: Спорот треба и може да се реши | Северна Македонија | DW | 12.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Нимиц: Спорот треба и може да се реши

По состанокот со македонскиот и грчкиот преговарач во Брисел, медијаторот Метју Нимиц најави дека разговорите за решавање на деценискиот спор ќе се интензивираат во наредниот период.

Преговорите за името во наредниот период ќе се интензивираат, а кај медијаторот постои оптимизам дека е можно да се најде решение во текот на следната година.

На прес-конференцијата по средбата со преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, Нимиц говореше за „добра атмосфера“ и најави дека веќе се прават планови за нови средби во седиштето на ОН во Њујорк во јануари, февруари и март.
Средбата на преговарачите со медијаторот е прва по пауза од три години. Според Нимиц, сега се чувствува вистински напор за изнаоѓање решение во следните месеци. „Спорот може и треба да се реши“, рече Нимиц. 

Повеќе на темата: 

Разговори за името: Го пробија снегот, ќе го скршат ли мразот? 

„Калимера“ за новите односи меѓу Скопје и Атина  

Медијаторот оценува дека двете влади во Скопје и Атина го ставиле на врвот на своите приоритети овој проблем, а тоа особено се однесува на македонската влада која „делува одлучна да ги подобри односите со Грција и да обезбеди членство во НАТО и ЕУ“.
Сепак, медијаторот, смета дека не постои „магично име“ кое ќе се појави по долгогодишни преговори и  дека за изнаоѓање решение ќе бидат потребни многу „тешка работа, политичка волја и добра дипломатија“. 

Гледај видео 00:44

Заев: рано е за конкретни имиња


Нимиц рече дека не дал нов предлог за името.
Претходно, грчките медиуми јавуваат дека на маса би можел да биде ставен предлогот „Нова Македонија“. 

Ваквите информации ги отфрли и македонскиот премиер Зоран Заев, кој денеска од Приштина порача дека е рано да се разговара за конкретни имиња со Грција.

„Не сме дојдени до таму да разговараме за конкретни имиња. Она за што ќе се разговара е потврда на желбата на двете страни за суштествено да навлезат во решавање на проблемот кој Грција го има со нашето уставно име“, рече Заев на прес-конференцијата со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама