Нимиц охрабрен, Груевски недостапен | Македонија | DW | 03.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц охрабрен, Груевски недостапен

Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц вели дека е охрабрен од повторното ставање во фокусот на спорот за името. Според агенциски информации, експремиерот Груевски одбил да се сретне со него

Медијаторот Метру Нимиц не очекува драматичен пресврт во однос на преговорите за името, но вели дека е охрабрен од тоа што спорот се вратил во фокусот.

„Охрабрен сум од фактот што има сериозен интерес и волја да се интензивира ова прашање“, изјави Нимиц во Скопје, по средбите со премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На средбите, како што рече Нимиц, не било зборувано за конкретни предлози, ниту пак за нови концепти. Медијаторот не претставил нов предлог.

Иако беше првично планирана, посетата на Нимиц на Атина е одложена поради презафатеност на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас со кипарското прашање.

Нимиц попладнево се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а вчера и со шефот на државата Ѓорге Иванов. Според агенцијата Макфакс, утрово, експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одбил да се сретне со Нимиц. Неофицијално, во опозициската партија немало расположение за средба со медијаторот.

Новата влада најави нов пристап во решавањето на билатералните проблеми со соседите. Првата посета на шефот на дипломатијата по преземањето на функцијата беше токму на Атина, а потоа следуваше и посета на владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на Бугарија. Надежта е дека на тој начин може повторно да се придвижи процесот на прием во НАТО- кој Грција го блокира од 2008 година, како и почетокот на преговорите со ЕУ- на што вето става и Бугарија.

 

DW.COM

Реклама