Нимиц нема наскоро да дојде во Скопје и Атина | Македонија | DW | 19.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц нема наскоро да дојде во Скопје и Атина

Посредникот на ОН во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, по синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Грција Ставрос Ламбринидис, изјави дека не планира скоро доаѓање во Скопје и Атина.

default

Метју Нимиц

Нимиц, како што пренесуваат грчките медиуми, по средбата одржана во мисијата на Грција при ОН, истакнал дека со Ламбринидис размениле мислења за текот на преговорите во врска со прашањето за името, како и за потребата од постигнување напредок.

Шефот на грчката дипломатија претходно во седиштето на ОН за спорот за името разговарал и со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун.

Во соопштението од Секретаријатот на ОН, објавено по средбата, се наведува само дека дека Бан Ки Мун и Ламбринидис разговарале за прогресот во преговорите меѓу Атина и Скопје за решавање на прашањето за името.

Во изјава, пак, за грчките медиуми, Ламбринидис вели дека пред генералниот секретар на ОН уште еднаш ја повторил подготвеноста на Грција за изнаоѓање решение кое, според него, би требало да биде име со географска одредница за севкупна употреба.

„Наша желба е другата страна да покаже мудрост и сериозност ако навистина сака, како што сакаме и ние, да има евроатлантска перспектива и односите меѓу двата народа да бидат позитивни“, изјави Ламбринидис, кој престојува во Њујорк на 66. Генерално собрание на ОН.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски