Нимиц: Дојдено е време за решение на спорот за името | Северна Македонија | DW | 30.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Нимиц: Дојдено е време за решение на спорот за името

Специјалниот пратеник на ОН ги повика Македонија и Грција да ја искористат шансата во разговорите за спорот за името, оценувајќи дека обете страни делуваат „полни со енергија“ да изнајдат компромис

„Сите знаат кои се проблемите. Постои време за носење одлуки, и мислам дека сме стигнати дотаму“, рече Метју Нимиц во Атина, каде денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
„Знам дека грчката влада е многу искрена и полна енергија за да се изнајде решение за проблемот... Мислам дека има волја тука, и исто така во Скопје, да се најде решение“, изјави Нимиц. Тој дополни дека чекањето, и забавувањето на нештата во моментов нема никаква логика, како во Грција, така и во Македонија. Нимиц се сретна и со Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Шефот на грчката дипломатија Коѕијас синоќа во интервју за државната телевизија изјави дека целта на неговата влада е да се разговара „за име на јазикот или јазиците на соседната држава кое нема да може да биде преведено на ниту еден друг јазик“. Коѕиас смета дека ќе бидат неопходни и промени на Уставот на РМ. Агенцијата Франс Прес пишува дека едно од предложените имиња од страна на Нимиц кое оди на линија со ставовите на Коѕијас е „Република Нова Македонија“ на латиница (Republika Nova Makedonija).

Атина веќе ја официјализираше најавата дека во февруари ќе ѝ достави на Македонија 4 точки на нацрт договор кој, доколку биде прифатен, ќе стане основа за решавање на спорот и ќе треба да биде одобрен од парламентите во двете земји.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама