Нимиц: Во Скопје и Атина очекувам голем напредок | Македонија | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц: Во Скопје и Атина очекувам голем напредок

Посредникот од ОН во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц очекува дека на средбите во Скопје и во Атина ќе биде постигнат голем напредок за решање на спорот.

„Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната недела“, изјави за програмата „Гласот на народот“ посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

„Ќе поминам две деноноќија во Скопје и во Атина со државниот врв на двете земји, на кој се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името“, потенцира Нимиц.

Медијаторот очекува добра соработка со новонаименованиот преговарач за името од македонска страна амбасадорот Васко Наумовски како што имаше и со неговиот претходник Зоран Јолевски.

„Му посакувам сѐ најубаво на господинот Јолевски на новата функција и очекувам плодна соработка со амбасадорот Васко Наумовски како нов преставник во преговорите од македонска страна“, изјави посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц за програмата „Гласот на народот“.

Нимиц, како што најави прес-службата на ОН, на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули. „Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот за името“, пишува во соопштението на ОН.

Поврзана содржина

Реклама