Нимиц во Македонија на 28, во Грција на 30 јули | Македонија | DW | 23.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц во Македонија на 28, во Грција на 30 јули

Метју Нимиц, посредникот од ОН во грчко-македонскиот спор околу името, ќе ги посети двете земји на крајот на јули. Целта е интензивирање на разговорите, велат од ОН.

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 28 јули ќе ја почне посетата на Македонија и Грција.

Според соопштението на Обединетите нации, Нимиц првин ќе допатува во Македонија, на 28 и 29 јули, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.

„Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на Обединетите нации насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“, пишува во соопштението на Обединетите нации.

Реклама