Николиќ: Судирите на Косово мора да сопрат
2 јуни 2012Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека мораат да се запрат судирите на Косово и дека е важно да се отстрани стравот кај граѓаните. Николиќ во изјавата за РТС подвлекува дека продолжување на разговорите е единствениот начин за конечно да се дознае што е договорено, а што злоупотребуваат институциите во Приштина.
Советот за национална безбедност на Србија, со кој претседава Николиќ ги повика УНМИК, КФОР и ЕУЛЕКС да ги спречат обидите на властите во Приштина „да предизвикаат нестабилност и страв меѓу српското население“ и „да се воздржат од примена на сила кон незаштитените граѓани на Покраината“.
Косовската влада од своја страна вчера ја поддржа акцијата на КФОР кај Рударе на северот на Косово и ги осуди нападите и ранувањата на неговите припадници.
„Владата високо го оценува ангажманот на силите на КФОР за отстранување на барикадите кај селото Рударе, за да се овозможи слободно движење на граѓаните и на овој дел од Косово“, се наведува во изјавата на косовската влада.
Владата на Косово ги повика граѓаните од севрот на земјата да сорабиотуваат со КФОР и наведе дека отстранувањето на барикадите од патиштата подразбира и отстранување на стравот кај тамошното население и можност за норманлен живот.