Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Роден на 31 август 1970 година во Скопје, Груевски е македонски политичар и економист, и поранешен премиер и министер во повеќе влади на ВМРО-ДПМНЕ.
Политичката кариера ја започнува како министер за трговија во владата на Љубчо Георгиевски во 1998 година. Следната година станува министер за финансии. Во 2003 година е избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. По победата на изборите во 2006, станува премиер. Функцијата ја извршува сѐ до јануари 2016 година, кога под притисок на домашната и меѓународната јавност по скандалот со прислушкувањето се повлекува од владата.