Не ни е потребен „Страв во Европа“ | Свет | DW | 04.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Не ни е потребен „Страв во Европа“

Австрискиот канцелар Курц вели дека како претседавач со ЕУ сака да биде „градител на мостови“. Притоа, со својата миграциска политика придонесува повеќе за поделба на Европа, оценува Барбара Везел.

На ЕУ ѝ е речиси исто како на остатокот на светот - долго време функционираше сигурна дека кризите може да се решат со компромис и дека никој не удира по демократските темели на заедницата. Сега мора да доживува како старата мудрост е „сметена“ и во ЕУ и соочена е со задача за ново потврдување на својот идентитет. Наместо тоа, сега доаѓа младиот австриски канцелар и смета дека целиот тим мора да го сврти кон десно. На тој начин Себастијан Курц би можел во наредните шест месеци како претседавач со ЕУ да направи драматично промашување.

Кој од управувачкото место на Европскиот совет ги води работите на ЕУ шест месеци, мора да се соочи и со проблеми. Сеедно од каде доаѓа партиско-политички, претседавачот мора да се погрижи за рамнотежа на националните интереси, чувствителности и политички цели. Дел од тоа е и за извесен период да ги потисне во втор план своите интереси.

Повеќе: Курц бара зајакнати ЕУ-граници

Одбрана на Европа со национализам?

Тоа што Курц воопшто се најде во оваа улога е иронија на случајноста, а се должи на Брегзит. Имено, сега на ред ќе беа Британците, но поради изглегувањето од ЕУ - се повлекоа. Австрија се помести нанапред во редоследот и со својата владејачка коалиција со десноекстремната ФПО на особен начин претставува отелотворение на она што за многумина е дух на времето во Европа: вртење грб на либералната демократија. Шефот на ФПО, Штрахе, амбициозно се зближува со истомислениците во соседните земји. Се исцртува интернационала на популисти, додека шефот на владата Курц напрегнато го трга погледот и исфрла празни европски фрази.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*

Барбара Везел

Тоа е основна политичка грешка, зашто уште од почеток си ја прокоцкува својата веродостојност. Но во тоа Курц не е сам. Прагревот во случајот е курсот на милување со Унгарецот Виктор Орбан, кој од неодамна во својата земја помагачите на бегалците сака да ги казнува како криминалци. А, во тоа ковиновник е целата конзервативна Европска народна партија, која со години молчеливо го покрива курсот на Орбан кон автократија и чии морални апели и проевропски говори одамна делуваат како лицемерство.

Себастијан Курц сака да нѐ натера да мислиме дека е можно истовремено да се поттикнува национализам и да се спасува Европа. Од неговите благослови профитира токму малата Австрија. Но, едното го исклучува другото - или во Виена ќе се крика „Австрија на прво место“, или канцеларот ќе работи за Унијата. Истото важи за Италија, каде Матео Салвини затвора пристаништа, а во исто време бара солидарност од страна на Европејците. И она што во изминатите денови се одигруваше кај ЦСУ во Берлин и Минхен опасно мириса на „Германија над сѐ“ и се чини доаѓа од истата фабрика на мисли. Она што се продава во случајов е лажно пакување. Или национализам, или Европа! Шефовите на влади и на партии ќе мора да се одлучат. Лажниот двоен курс само му служи на подемот на десницата и го шири вирусот на европско уништување.

Повеќе: Десните популисти во Европа го сечат стеблото на кое седиме сите

Трамп и Путин се вистинските европски проблеми

Австрискиот канцелар во средиштето на својата работа ја става миграциската политика. Тука, без сомневање има уште доста работа, поради тоа што ЕУ со години не можеше да се усогласи околу разумни решенија. Но најважните теми на Европа сега би требало да се распадот на западната заедница на вредности, трговските војни на Доналд Трамп и очекуваниот напад врз НАТО. Кој сака може да ја додаде и желбата на претседателот Путин да се меша и неговите стремежи кон моќ. Тоа се вистинските закани за нас, а не околу 40.000 мигранти кои годинава успеале да стигнат до бреговите на ЕУ.

Не ни е потребен „Проект Страв“ во Европа, со кој мигрантите ќе се прогласат за виновници за политичките потфрлања на земјите членки, за недостигот на праведност и прераспределба. И, не ни требаат самостојни национални потези и решенија кои би спречиле фер однос кон светскиот феномен на миграции.

Сите ние знаеме какви беа последиците од хушкањата на мнозинствата против малцинствата во минатиот век. Но, изгледа како цела низа европски политичари во моментов да сака повторно да ѕирне во таа бездна. Дел од нив очигледно живеат во Баварија. Тие си играат со оган и ја стават Европа на коцка. Тоа би можело да се покаже како историска грешка.

DW.COM

Реклама