„Не“ за Скопје би било крај на проширувањето на ЕУ | Северна Македонија | DW | 08.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

„Не“ за Скопје би било крај на проширувањето на ЕУ

Ако Северна Македонија не добие датум за преговори со ЕУ ова лето, се заканува пропаѓање на досега единствениот позитивен и европски модел на Балкан, пишува австриски „Стандард“.

Авторот Аделхајд Велфл во австрискиот весник „Стандард“ во текстот со наслов „'Не' за Скопје ќе значи крај на ЕУ-проширувањето“ пишува за можноста Северна Македонија летово сепак да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, иако тоа што германскиот Бундестаг темата не ја дискутираше, е разочарување за Скопје. Одлуката ќе требаше да ја донесе всушност Европскиот совет на 18 јуни, но поради германскиот став тоа сега се чини неможно и земјата останува во чекалницата на ЕУ, пишува „Стандард“:

„Одговорност за тоа сносат и хардлајнерите во ЦДУ и ЦСУ, кои не сакаа да ѝ дадат зелено светло на Северна Македонија. И во Франција, во Холандија и Данска има задршки, всушност не поради Северна Македонија, туку поради Албанија,  која ова лето ионака нема веќе никаква шанса да отвори поглавие. 

Германија и Франција на овој начин дејствуваат спротивно на докажаната политика на ЕУ на Балкан за наградување на оние кои одат во правилна насока. Притоа, Европската комисија осум пати препорача почеток на преговори со Скопје. Земјата има кандидатски статус уште од 2005 година. Во најновиот извештај е нотиран респект за премиерот Зоран Заев: владата повторно ја воведе поделбата на власта и правната држава, покажа демократска зрелост да му сврти грб на национализмот во земјата, се помири со соседите и соработува со опозицијата.

Повеќе: 

Зиддојче цајтунг: Меркел рекла „не“ за брз датум за Северна Македонија

Власта бара датум, опозицијата избори

Кавга во Бундестагот околу ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија

Ниедна друга балканска земја не влезе во толкави ризици и не постигна толку многу. Ако сега поради ставот на Берлин и Париз сепак не следи награда за Скопје, тоа ќе има опсежни влијанија за Балкан и за веродостојноста на политиката на ЕУ. Заев предупреди дека ЕУ може да ги поддржи 'или напредната проевроспка опција' или 'радикалните, националистички и проруски ориентирани'.“

Весникот го цитира Заев со изјавата: „Што и да се случи, ние направивме сѐ што можевме“, потсетувајќи дека со помош на социјалдемократот од 2015 година беше изведен пресврт кој ја извлече земјата од авторитаризмот и стагнацијата.

„И раководителотот на Центарот за југоисточноевропски студии на универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, гледа фатални последици доколку не биде дадено зелено светло: 'Тоа ќе ја втурне владата во Скопје во тешка криза, а на опозицијата, која веќе аргументира дека промената на името било лесновернна отстапка на владата кон ЕУ без противуслуга, ќе ѝ даде поттик.' Освен тоа, во иднина на властодршците на Балкан ќе им изгледа подобро да прават 'псевдореформи и да се одржуваат на власт со популистички и авторитарни средства', кога веќе 'реформските напори, кои се неомилени и полни ризици, не се наградуваат и не се исплатливи.' Бибер резимира: 'Де факто, тоа е смртоносен куршум за ЕУ-проширувањето.' А без реформската ЕУ-перспектива, ќе дојде до повеќе популизам, властите ќе се свртат кон други партнери настрана од ЕУ, на пример Русија, Турција или Кина. 

ЕУ-дипломати сега се обидуваат да спречат вакви сценарија, и сепак да овозможат одлуката за Северна Македонија да биде донесена уште ова лето. Ако тоа не се случи, можно е по изборите во Грција на 7 јули, кога веројатно на власт ќе дојде конзервативната Нова Демократија, таа во стар манир да го запре секој чекор за проширување кон соседната држава. Со тоа би пропаднал досега единствениот позитивен и европски модел на Балкан“, заклучува „Стандард“.

 

DW.COM

Реклама