Нејмар накратко ги загрижи Бразилците | Теми | DW | 10.06.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Нејмар накратко ги загрижи Бразилците

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар накратко ги загрижи сонародниците, бидејќи лесно го повреди скочниот зглоб. Според последните информации, тој ќе настапи на премиерата на Мундијалот.

Ѕвездата на бразилската фудбалска репрезентација Нејмар на еден од последните тренинзи пред почетокот на Мундијалот лесно го повреди десниот скочен зглоб и предизвика грижа кај навивачите на „кариоките“.

Избраниците на селекторот Фелипе Сколари мораа накратко да го прекинат синоќешниот (9.06) тренинг по повредата на нивниот соиграч. Членот на Барселона по неколку минути стана и почна да поттрчува на задоволство на јавноста која имаше можност тренингот на своите миленици да го следи преку директен пренос.

Домаќинот на Мундијалот очекува Нејмар да биде предводник на нивната репрезентација кон освојување на вредниот трофеј. Според последните информации, тој ќе биде целосно подготвен за премиерата на Светското првенство в четврток (12.06) во Сао Паоло, кога ќе играат Бразил и Хрватска.

Поради повреди досега своето учество на ова Светско првенство го откажаа неколку големи фудбалски имиња, како што се Марко Ројс (Германија), Радамел Фалкао (Колумбија), Франк Рибери (Франција).