Нервоза во Берлин пред европските избори | Свет | DW | 24.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нервоза во Берлин пред европските избори

Германските владејачки партии се нервозни. На европските избори изгледа дека ќе изгубат. Се чини дека е јасно кој ќе победи, но не и што ќе се случува потоа.

Големата коалиција би можела да биде големиот губитник во недела. Иако се гласа за Европскиот парламент, во Германија резултатот ќе се гледа од „национален аспект“, вели Урсула Минх. Директорката на Академијата за политичко образование во Туцинг смета дека ЦДУ, ЦСУ и СПД, односно коалиционите партнери во владата на Меркел, ќе бидат губитници. Оттаму и нервозата во редовите на владеачките партии е голема.

СПД: „Тоа се губитниците"

Пред сѐ на социјалдемократите им се заканува повторен пад. СПД на последните избори за Европскиот парламент имаше над 27 проценти гласови, овојпат во анкетите имаат минус од десет проценти. Покрај тоа, СПД за првпат по Втората светска војна би можела да не биде една од двете најсилни партии на избори во Германија. За СПД тоа би било „драма без преседан”, вели Урсула Минх.

Ursula Münch, Universität der Bundeswehr München (APB Tutzing)

Урсула Минх

Најстарата партија во Германија сега ја третираат само „под етикетата: ова се лузерите“, додава Минх. На СПД повторно ѝ се закануваат дебати за кадрите, за политичкиот правец и за големата коалиција. Минх, сепак, не мисли дека СПД ќе ја остави коалицијата на цедило. „СПД има избор да се нервира, или да гледа како ЦДУ се нервира."

И демохристијаните имаат причина за загриженост. Едни го сметаат конзервативниот курс на новата шефица на ЦДУ и можната наследничка на Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер, за погрешен, други пак мислат дека долгото владеење на Меркел ѝ штети на партијата и бараат промена. Сигурно се чини барем дека по изборите ќе има неколку промени на министри.

Повеќе: 

Европски избори: Божемниот дуел на Вебер и Тимерманс

По европските избори ќе стане збор за пари, многу пари

Промена на канцеларката без нови избори?

Колку е несигурна ЦДУ, покажуваат озборувањата од изминатите недели. На многумина им се чинеше можно дури и одење на Меркел во Брисел и преземање на кормилото од Крамп-Каренбауер. Првото Меркел веднаш го демантираше, но за предвремената промена на канцеларката и Урсула Минх смета дека СПД „нема никогаш да се согласи”.

Остануваат само нови избори како опција за да се стави крај на ерата Меркел? „Ако во ЦДУ почнат да кинат нерви", вели Минх, тогаш има уште една варијанта - во игра да влезат Зелените. Тоа го потврдува и Ралф Фикс, шеф на Центарот за либерална модерна и поранешен политичар на Зелените. Во приближувањето кон Зелените и либералниот сојуз „Ренесанса во Европа“ на францускиот претседател Макрон, тој гледа шанса да се излезе од стариот начин на размислување во „блокови". Тоа пак, додава, овозможува „алтернативи за Големата коалиција". Во Брисел и во Берлин Фикс може да си замисли сојуз на Зелените со Либералите и Конзервативните или Социјалдемократите.

Петте минути на Зелените

Се очекува Зелените по европските избори да бидат многу на цена, бидејќи сѐ укажува на изборен триумф. „Ова се петте минути на Зелените“, вели Фикс. Движењето „Петок за иднината" ја направи климатската политика најважна тема во Германија. Сите партии почнаа да зборуваат за животната средина, но само на Зелените им се верува дека нешто ќе направат.

Ralf Fücks Vorstand der Heinrich-Böll-Stiftung (picture-alliance/dpa/K. D. Gabbert)

Ралф Фикс

Но што би направиле Зелените со нивните очекувани добри изборни резултати на европските избори во германската домашна политика? Фикс верува дека Зелените ќе добијат поддршка за своите теми „за да ги вратат во центарот на политичката агенда“. Но за да постигнат нешто, мора да бидат дел од владата. Фикс сепак не може да замисли дека Зелените „и покрај очекуваното мнозинство ќе поттикнат смена на канцеларката, без нови избори“.

Според анкетите, Зелените може на европските избори да го удвојат резултатот од парламентарните избори од 2017 година (8,9%) и да ја остават СПД зад себе. Но, со оглед на тоа дека сите останати партии стојат полошо од 2017, Урсула Минх доаѓа до еден лаконски заклучок: „Зелените се заинтересирани за нови избори, но сите останати засега не се." Дури ниту деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД) – која беше победник во 2017.

Binz Wahlkampf CDU - Merkel (Reuters/A. Schmidt)

АфД пред две години профитираше благодарение на својата кампања против Меркел и бегалците

АфД игра валкано

Пред две години АфД најмногу профитираше од актуелните случувања. Бегалската политика на Ангела Меркел, дебати околу тероризмот и внатрешната политика влијаеја на расположението на јавноста. Пред сѐ темата на АфД за бегалците изгуби на важност поради падот на бројот на мигранти во Германија. Но, АфД има и други проблеми како на пример аферата со партиски донации и приклонување кон десниот екстремизам – едноставно „партијата зад себе влече валканици“, вели политоголот Минх. Тоа одбива многу гласачи.

Исходот со темите на АфД сепак треба да биде предупредување за Зелените, верува Минх: „Пред извесно време не ни мислевме дека темата бегалци нема да биде актуелна". Ралф Фикс верува дека е важно Зелените по изборите да си ја оправдаат својата „историска одговорност како мост меѓу еколошките движења и политичките институции".

DW.COM

Реклама