Неправедна критика за поддршката на богатите за Нотр Дам | Свет | DW | 18.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Неправедна критика за поддршката на богатите за Нотр Дам

Да се критикуваат големите донатори поради нивната помош за обнова и наместо тоа да се бара тие да ги искористат парите за борба против катастрофи, со оглед на значењето на Нотр Дам, не е праведно, коментира Инес Пол.

Рефлексот е разбирлив. Ако стотици милиони евра за толку кратко време се донирани за реконструкција на една градба, тогаш смее да се постават и прашањата: зошто толку бргу се најдоа толку многу пари за мртви камења, кога во исто време луѓето во Судан умираат од глад? Или пак нема средства за да се обезбеди барем основно образование за децата во бегалските кампови?  И тоа кога станува збор за една христијанска црква, каде токму во христијанството фокусот треба да биде на љубовта кон ближните. А тоа воопшто не се изразува преку издигнување на една градба, порачува една гласна заедница на интернет. Прашања кои треба да си ги постават не само многу луѓе во воените и кризните подрачја, туку и оние што секојдневно се борат на свој начин да го направат светот малку поправеден, малку подобар.

Богатите и царството Божјо

Апсолутно пожелно е богатите дел од својата благосостојба  да ја делат со оние на кои не им оди толку добро. Токму за христијаните мора да важи правилото дека богатството исто така обврзува и оти параболата на Исус би морала да ги замисли милионерите, а уште повеќе милијардерите: „Полесно камила ќе помине низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во царството Божјо"

Ines Pohl Kommentarbild App (DW/P. Böll)

Инес Пол

Но исто така е правилно да постојат градби кои се повеќе од само празни камења и претставуваат културни добра кои со векови го определуваат самоспознанието на народи и култури и токму затоа се особено важни и вредат да бидат заштитени. Нотр Дам е несомнено една од нив. На општествата, без оглед во кој културен круг, им се потребни симболи за да си ја осигураат сопствената историја. Потеклото притоа е многу повеќе од само точка на географската карта. Во овој свет на неизвесност, овие културни простори се поважни од кога било, зашто тие можат да обезбедат потпора и чувство на родина. За човек кој знае кој е, туѓото, новото, другото се помалку заканувачки. Несигурноста еп лодно тло за дискриминација и омраза.

Луѓе од целиот свет

Нотр Дам е прекрасен симбол, токму и затоа што милиони луѓе од целиот свет го имаат посетено ова важно историско место. Нехристијаните исто така беа допрени од убавината, достоинството и историското значење кое зрачат од оваа катедрала во средиштето на француската престолнина. Безбројните фотографии  од нивните посети на катедралата, кои луѓето од цел свет по пожарот ги објавија на Твитер и Фејсбук, сведочат за оваа привлечна моќ.

Европа е повеќе од една наднационална валута, таа е повеќе од економски простор. Европа е културен простор, а Нотр Дам е еден од нејзините централни симболи. Затоа е добро и исправно тоа што супер-богатите многу бргу посегнуваат по своите џебови. Бидејќи и обновата на катедралата на крајот ќе биде симбол на надеж.

DW.COM

Реклама