Нема опасност од цунами на брегот на Аљаска
5 јануари 2013Реклама
Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди изутрината (05.01) областа на Тихиот Океан, покрај брегот на американската сојузна држава Аљаска, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Потресот е регистриран на длабочина од 10 километри, околу 100 километри југозападно од местото Порт Александер на Аљаска.
Центарот за предупредување од цунами на западното крајбрежје на САД и Аљаска најнапред објави дека постои опасност од големи цунами, а потоа го укина предупредувањето.
Центарот соопшти дека биле регистрирани мали промени на нивото на морето , но оти на крајбрежниот регион на американската сојузна држава Аљаска и на Канада веќе не им се заканува опасност од цунами.