Нема бесплатно полнење на мобилните апарати | Панорама | DW | 22.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нема бесплатно полнење на мобилните апарати

Полнење на мобилниот телефон во кафуле? За тоа во едно кафуле Виена мора да се плати. Цел град сега дискутира дали е тоа исправно или не.

На менито на Терасенкафе во Виена стојат не само различни пијалоци, туку и електрична енергија. За полнење на смартфонот или некој друг апарат мора да се плати 1 евро. Сопственичката на кафулето, Галина Покорни, на гостите кои се бунтуваат им вели јасно:

„Работите овде, работите на мој трошок. Работите со мобилен телефон, таблет, компјутер. Зошто јас да ги плаќам трошоците на вашата работа?

Овде можете да го погледнете видеото:

Гледај видео 01:10

Плати, па полни

Виена е позната не само по своите цркви, туку и по културата на пиење кафе. Кафе се пие долго, тоа е традиција. Порано со кафето се читаа книги или весници. Денес се чита и работи на таблет или смартфон. Здружението на гастрономи ја зема во заштита сопственичката на кафулето.

„Ние пропагираме слободно претприемништво. Значи, на претприемачката ѝ е препуштено дали ќе бара пари или не. Претходно треба да ги има информирано муштериите“, вели Петер Добчак од Здружението на гастрономи

Значи, на гостите не им преостанува ништо друго освен да платат. Или едноставно да седнат во друго кафуле.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама